Saturday , October 31 2020
Home / Latest Articles / Победа за Борковиќ и Марковиќ на 53 Србија Рели

Победа за Борковиќ и Марковиќ на 53 Србија Рели

Српското рели дуо Душан Борковиќ/Игор Марковиќ победници се на овогодинешното „53 Србија Рели“, а успехот го повторија од минатата година кога за прв пат доминираа и победија во околината на Врњачка Бања, Копаоник и Гоч.

Борковиќ и Марковиќ убедливо славеа во автомобил Skoda Fabia RS2 и победија на 10 од 12 брзински испити. Во саботата беа најбрзи на сите шест брзински испити, додека во неделата победија на четири, препуштајќи им две етапни победи на Бугарската посада Мирослав Ангелов/Георги Гаџев во ист автомобил, кои исто така завршија на втората позиција во генерален пласман.

Српската посада релито го заврши после извозени 150.20 км на 12 брзински испити со време од 1:34.17 саати, за две минути предност пред Ангелов и Гаџев. Третото место исто така припадна на посада од Бугарија – Јордан Атанасов/Ангел Башенејов, во автомобил Mitsubishi Lancer EVO 9.

Оваа година Србија Рели собра повеќе од 30 посади од Србија, Бугарија, Турција и Романија, а се бодуваше за Европскиот рели трофеј, Шампионатот на Србија и Шампионатот на Бугарија, а организацијата беше од страна на Авто Мото Сојуз на Србија, Спортскиот авто и картинг сојуз на Србија и град Врњачка Бања, со поддршка на Министерство за млади и спорт на Србија.

Check Also

WTCR: После доминацијата на Хунгароринг, Хонда ќе добие најголема тежина на Арагон

Münnich Motorsport, ќе мора да додаде максимум тежина на своите автомобили за Арагон овој викенд …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *