Sunday , September 20 2020
Home / Latest Articles / Победа на Брно и титула за Борковиќ во ТЦР Источна Европа

Победа на Брно и титула за Борковиќ во ТЦР Источна Европа

Српскиот автомобилист Душан Борковиќ дојде до петта победа по ред во ТЦР Источна Европа после двете победи на Гробник и на Словакираинг, а овие пет победи му донесоа титула во ова натпреварување на три трки до крајот на сезоната.

Борковиќ моментално има максимални 125 поени, а тоа ја покажува неговата апсолутна доминација во овој шампионат. На втората позиција заврши Сандро Зоубек, додека квалитетното темпо на Шимон Јаблонски го донесе до третата позиција на подиумот откако го пројде Милован Весниќ во осмиот круг.

На минатогодишниот шампион во оваа класа Милован Весниќ му се јави проблем со пребрзо трошење на гумите, па и самиот изјави дека добро е што воопшто ја завршил трката. Позади Весниќ на петтата позиција заврши Микал Макеш пред Јакум Галаш и Карол Витке. Петр Чизек заврши осми пред Јакуб Вишомирски и Радим Адамек кој ги комплетираше топ 10-те.

„Задоволен сум со возењето и можам да кажам дека се беше како што треба, освен што внатре во автомобилот ја чувствував максималната тежина која ја носам со мене и овој викенд. Од дополнителната тежина највеќе страдаа гумите кои немилосрдно се трошеа, бидејќи патеката во Брно за разлика од Словакиаринг има доста промена на правците, а гумите немаше прилика малку да се изладат.“

„Најважно е дека овој проблем не се одрази на моето возење, а се надевам дека така ќе биде и утре. Иако веќе ја освоив шампионската титула, јас со нетрпение ја очекувам утрешната трка, како и последниот тркачки викенд на Хунгароринг и се надевам дека ситуацијата со коронавирусот нема ништо да промени.“ – изјави Борковиќ за Србијаринг.

Втората трка ќе стартува утре од 14:00 часот.

Check Also

MotoGP: Подиум за паметење – Мир никогаш нема да го заборави проаѓањето на Роси на Мизано

Возачот на Suzuki Жоан Мир изјави дека никогаш нема да го заборави освоениот подиум овој …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *