Thursday , January 23 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / Победникот во генерален пласман на Пониква, Даниел Блажевски: Подобар дебитантски настап не можев да замислам!

Победникот во генерален пласман на Пониква, Даниел Блажевски: Подобар дебитантски настап не можев да замислам!

Изминатиот викенд на легендарната ридска патека Пониква крај Кочани, се одржа втората ридска трка од македонскиот шампионат на која настапија 17 натпреварувачи. Не е некоја завидна бројка, но работите се склопуваат…

На оваа трка како дебитант настапи Даниел Блажевски во автомобил Renault Clio, кој специјално го набави за да го започне својот сон кој го има од мали нозе, а тоа е да влезе официјално во тркачкиот свет. Тоа се случи во Кочани, иако тој сакаше да ја започне неговата тркачка кариера на Водно, на првата трка од шампионатот на ридски патеки.

Патеката на Пониква важи за доста опасна, брза и техничка патека, а не секој би сакал овде да има деби настап. Сепак, позитивната мисла го водеше Блажевски, а тој ја изненади целата публика со неговото возење завршувајќи со најдобро време во класата до 2000 кубни сантиметри, но и во генерален пласман.

„Подобар дебитантски настап не можев да замислам. Се почна на брзина. Автомобилот беше подготвен за само четири дена, а тоа немаше да се случи ако ја немав мојата екипа и моите другари кои сите помогнаа на свој начин.

Во саботата влегов со премногу резерва на тренинзите, при што во вториот тренинг за малку избегнав удар во банкината од неприлагодената брзина за тој свиок, но за среќа се извлеков некако. Попладнето имав запознавање со патеката со цивилен автомобил, заедно со мојот колега од пониската класа и другар Александар Георгиевски кој многу добро ја познава оваа патека, спрема кого имам да искажам огромна благодарност.

Daniel Blazevski - Ponikva 2018 by brzkrug.com
Daniel Blazevski – Ponikva 2018 by brzkrug.com

Неделата започна одлично. Во третиот тренинг бев втор во генерален пласман со заостанување помало од една десетинка зад првиот. Исто така возев со многу резерва, па до некаде знаев дека ќе бидам побрз во трката. Тоа и се случи, завршив прв во генералниот пласман и во мојата класа со време од 2:46.68 со што иако во тоа возење имав неколку грешки, задоволен сум од моето возење и од автомобилот, на кој уште треба да се работи на амортизацијата бидејќи возев стандардни амортизери.

Огромна благодарност имам да искажам до мојата фамилија и оние кои ми помогнаа: ПСС, OMP Македонија, Сека 96, БрзКруг, КС Графика, Ландов Транспорт, Park Residence, Сервис Мето и на другарите од Custom Car Racing.

Можам да кажам дека ова беше одличен викенд за мене. Овие три недели ќе се посветиме на подготвување на автомобилот за кружната трка во Кичево и ќе работиме на неговите недостатоци. Се гледаме во Кичево.“ – изјави Блажевски за БрзКруг.

Подолу погледнете го неговото возење преку онборд видео:

Check Also

Дакар 2020 – 10 Етапа: Петерхансел: Не знам како се случи, но се загубивме!

Дури и самиот тој не може да поверува… Стефан Петерхансел е вистинска икона на Дакар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *