Monday , March 30 2020
Home / Latest Articles / Повеќето ФИА шампионати откажани, WRC продолжува во Мексико

Повеќето ФИА шампионати откажани, WRC продолжува во Мексико

После најавите за откажување/одложување на повеќе автомобилски и мото викенди меѓу кои F1, MotoGP, TCR Europe, WTCR и многу други поради пандемијата на COVID19, изгледа дека Мексико не страхува од истиот проблем.

Тоа им овозможи на светските рели возачи да продолжат со своите активности по календарот. Третата рунда во Светскиот рели шампионат се одржува во врелото Мексико, после разочарувачкото издание во Шведска која го пречека WRC караванот речиси без снег низ целото рели.

Шесткратниот WRC шампион Себастиен Ожие изјави дека не му било сеедно поради заканата од Светската пандемија пред почетокот на релито, бидејќи многу од шампионатите се откажани.

Но денес во Мексико заедно со тимот на Toyota стави печат на првиот дел од релито како најбрз со предност од 9.7 секунди пред Тему Сунинен во Ford Fiesta WRC. Тиери Невил (Hyundai) се најде на третата позиција денес со заостанување од 10.3 секунди позади лидерот Ожие.

Есапека Лапи успеа да заврши како четврти со заостанување од 16.6 секунди, пред петто пласираниот Елвин Еванс кој заостана дури 19.1 секунди. Шести беше Кал Рованпера за 30.1 секунди поназад, пред минатогодишниот шампион От Танак кој после преминот во Hyundai, не се снаоѓа баш најдобро, а денес доцни 38.6 секунди. Гас Гринсмит се наоѓа на осмата позиција, додека последниот од WRC автомобилите Дани Сордо успеа само до 13-тата позиција.

Есапека Лапи нема да го продолжи релито, откако неговиот автомобил изгоре до темел на крајот од денешниот ден.

Подолу, погледнете ги најинтересните моменти од првите четири брзински испити:

Check Also

Агрегати што „вртат“ до 20.000 вртежи (ВИДЕО)

Во светот на атмосферските агрегати единствен начин да ја подигнете силата на вашиот автомобил или …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *