Friday , October 18 2019
Home / Latest Articles / ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА СТРАШНАТА НЕСРЕЌА НА ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ (ВИДЕО)

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА СТРАШНАТА НЕСРЕЌА НА ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ (ВИДЕО)

Да ја погледнеме страшната несреќа на нашиот возач Игор Иџе Стефановски, што се случи на втората трка на патеката Пол Рикар во Франција.

Стефановски имаше добар почеток на новата сезона во TCR Европската Серија и во првата трка успеа да ги освои првите поени со финиширање на 7-та позиција. Исто така имаше успешен старт и на втората, по стартот од 11-тата позиција успеа да се пробие до 7-та.

Но во битката за 6-тата позиција, која што ја водеше со Јенс Рено Мелер од Reno Racing, Стефановски згази на сините линии покрај патеката кои што поради врнежите од дожд беа многу лизгави и ја загуби контролата над својот Hyundai i30N TCR. Потоа не можеше да се направи ништо и заврши во заштитната ограда покрај патеката.

Ударот беше пресилен, но фала му на Бога, Иџе се извлече без повреди. Веднаш по несреќата беше во состојба да го напушти автомобилот и да се упати во гаражата.

Да го погледнеме овој страшен инцидент:

Check Also

Опасно превртување на Мирко Миловановиќ на Авала…

Овој викенд близу Белград, се одржа ридската трка Авала која е последна во шампионатот во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *