Saturday , July 20 2019
Home / Latest Articles / Подготвени за Водно 2? (Најава)

Подготвени за Водно 2? (Најава)

Официјално насловена како „Водно 13ти Ноември Ослободување на Град Скопје“ воедно е и втората трка која ќе се одржи на добро познатата патека на падините на Водно, во организација на АКК Скопје.

Огромен број на публика го очекува овој настан, исто како и возачите кои ќе настапат, додека после оваа трка ќе бидат познати шампионите за оваа година.

Легендарното Водно по втор пат ќе се одржи овој викенд 10-11.11.2018 година.

Програмата за сабота изгледа вака:

Од 07:30 до 10:00 пред хотелот Средно Водно ќе се одржи технички преглед и верификација на возилата, додека веднаш после тоа во 10:30 ќе се одржи првата седница на жири комисијата. За 11 часот закажан е брифингот на возачи, за веднаш после тоа во 11:30 часот натпреварувачите во организирана колона да се упатат кон стартот. Слободниот и официјалниот тренинг се закажани за 12:30 часот, кои започнуваат еден после друг. После тренингот, автомобилите остануваат во Парк Ферме на затворениот паркинг пред Хотел Средно Водно.

Во недела, денот за трка, во 09:30 часот е закажан брифинг со возачите, додека во 10:00 часот организираната колона со натпреварувачките автомобили ќе се упати кон стартот. Во 10:45 часот е закажано свеченото отварање на стартот кај Олимписко село. Првата трка започнува во 11:00 часот, додека втората трка е закажана со официјален старт во 12:30 часот.

Па затоа, децата за рака и правец на трка. Трките се вистински начин да се научат децата од мали нозе дека улиците не се тркачка патека…

ПОВЕЛЕТЕ НА ВОДНО, ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!

Check Also

Ристо Вуков со трета стартна позиција на Берановац

Овој викенд на воениот полигон Берановац крај Краљево во тек е третата рунда од Српскиот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *