Friday , August 14 2020
Home / Latest Articles / Пониква, како втора трка во кариерата на Марко Мишевски

Пониква, како втора трка во кариерата на Марко Мишевски

После деби настапот на Водно на првата трка од македонскиот шампионат на ридски патеки, Марко Мишевски продолжи не застана и се појави на една од најопасните патеки во Македонија, Пониква крај Кочани.

Вистински предизвик е да се биде дел од оваа трка, на ова патека, па затоа секој кој сака да ги види своите можности треба да се појави овде. Искрено оваа патека е многу тешка, но нема да ја научите доколку не бидете дел од неа, во многу наврати. Марко Мишевски е еден од тие кои започна да се запознава со оваа патека:

„По запознавањето со мојот комплетно преправен автомобил на ридско брзинската трка на Водно и мојот дебитантски настап дојде време да се вози Пониква, патека која нуди голем адреналин и доста изненадувања. Чувството е прекрасно да се учествува во ваков вид на натпреварувања кои за мене се нешто ново и е еден голем чекор во мојата тркачка кариера.

Генерално сум задоволен од она што го покажав на патеката на Пониква. На саботните тренинзи постигнав време 3:57.64 кое не го очекував со што се најдов на третото место на табелата. Пред официјалната трка на неделниот тренинг се случи неочекуванато, се скрши бирачот за брзини.

Тренингот го поминав исто така со добро постигнато време иако имав доста проблеми со возилото кои ме спречуваа да постигнам подобар резултат, сепак неможам да се пожалам, бидејќи завршив на втората позиција во класата Е1-2000. На возилото веќе се работи на отстранувањето на сите проблеми и се подготвува за кружната трка во Кичево.


Оваа сезона и моите настапи му ги посветувам на еден мој другар, колега, пријател Ѓорги Стефановски, кој за жал повеќе не е помеѓу нас и не успеав да му ја исполнам желбата да ме гледа како се натперварувам на тркачките патеки.

Сакам да изразам најголема благодарност до мојот клуб АКК Никола Карев и до сите мои колеги кои ми помагаат во секој момент, а исто така и моите спонзори кои годинава се покрај мене и ми се од голема корист за предстојната сезона.

NOVOMATIC, ASTRA CASINO, ADMIRAL CASINO, FLAMINGO CASINO & HOTEL, POPE COMPANY, XXX Авто Мото Сервис, MOTUL, SEE3D, EXTREME PERFORMANCE TIRES.

На сите колеги кои имаа проблеми со возилата им посакувам лесна работа и брзо опоравување на истите. Спортски поздрав, се гледаме во Кичево.“ – изјави Мишевски за БрзКруг.

Check Also

МотоГП: Историска победа за КТМ и дебитантот Бред Биндер

Јужно Африканскиот возач Бред Биндер дојде до убедлива и неверојатна победа на патеката Брно во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *