Monday , August 19 2019
Home / Latest Articles / Попевски после победата во Кичево: „Сакав само да возам, не ми беше важно каков автомобил“

Попевски после победата во Кичево: „Сакав само да возам, не ми беше важно каков автомобил“

Никола Попевски имаше прекрсно искуство на првата трка од сезоната во Кичево. Иако поради непланирани проблеми не успеа да настапи со неговиот автомобил, изнајми од колега од Србија. Тој дојде до победа, а неговото искуство ви го пренесуваме преку неговата изјава:

„Како сите тркачи, така и јас, по зимските одмори, со голема возбуда го очекував почетокот на оваа автомобилистичка сезона. Некои од моите клубски колеги беа во соседните држави, но јас поради преголемите службени обврски и патувања, не бев во можност да отидам и со тоа да го пробам мојот автомобил. Комплетно бев подготвен, премногу инвестирав во возилото за оваа сезона, набавив 14 нови слик гуми и само го чекав почетокот.

Во меѓувреме и мојот клубски колега Југослав Милошевски кој превзема одговорност за склопување и контрола на возилото се повреди, па неговото комплетирање се пролонгираше за 2 дена пред трката, кога се беше подготвено и екипата беше присутна за да го запалиме моторот. Увидовме дефект на истиот кој не беше можно толку брзо да се отстрани и среди, така што сите дигнаа раце, освен јас бидејќи не сакав да прифатам дека нема да возам. Не ми беше грижа што, само да возам.

Ги исконтактирав и организаторите на Твинго купот за можност за рента на возило, ги исконтактирав повеќето домашни колеги за кои знаев дека имаат тркачки автомобили но нема да учествуваат, па да го позајмам нивниот автомобил, но не успеав да најдам.

Механичарскиот тим кој ми помагаше во склопувањето си легна да одмори по исцрпните неколкудневни подготовки, но јас продолжив со моите пребарувања. Ги исконтактирав колегите од Косово и Србија за можноста некој од нив да ми позајми возило за предстојнава трка. Од сите мои 10-тина направени контакти, само Боривоје Гајиќ од Србија позитивно ми одговори.
 

Возилото пристигна во петокот, ден по разговорот, го прегледавме и заедно заминавме за Кичево. Боривоје со истото возило беше Шампион на Србија на ридски натпревари за 2018-та, а настапуваше и на нашата последна кружна трка минатата сезона во Скопје, доволно добро парирајќи ми на моето возење, па бев сигурен дека влегувам во добро конкурентно возило. Уште од првите кругови добро се спријателивме со возилото, добро ме слушаше, на него имав монтирано 4 нови слик гуми, па трката по добри временски услови, можеше да почне.

Бидејќи возилото беше многу тивко, на клубските колеги не им изгледаше дека е доволно брзо, но листата со резултатите ги потврдија времињата од мојата опрема за мерење во возилото, а истите укажуваа на прво време во класата и второ во целата дивизија. Вториот тренинг само ги потврдив времињата останувајќи без гориво од круг во круг, па истиот го завршив со 2 литри во резервоарот. Кај сите од тимот беше очигледно позитивното расположение.

Со истото расположение дојдовме на денот на трката, го исконтролиравме целото возило и на загревањето ни преостана само да истренирам стартување со возилото, со што бевме подготвени за трката во која очекував навистина интересна и добра трка. Но трката, за мене, беше интересна само првиот круг додека ми дишеа во врат, по откажувањето поради дефект на возачот позади мене и увидувањето дека другите не можат да ме стигнат, возев опуштена соло трка.

Во неколку круга имав дуел во колега од повисоката класа, но бидејќи не сме иста класа не се впуштав во поостар дуел и гледав секој таков благо да го поминам, што и се случи и завршив на првото место. Трката беше организирана на солидно ниво, со исклучок на мал број забелешки кои ќе мора во иднина да се спроведуваат.

Запазувајќи ја мојата традиција која ја воведов од самиот мој почеток на учество во автомобилизмот, сите мои пехари ги посветувам, најчесто на најзаслужните, па истиов беше посветен и доделен на Боривоје без чие возило јас немаше да можам да настапам. Најинтересно е што сеуште по социјалните медиуми и објавените видеа го пофалуваат доброто возење на гостинот Гајиќ. Хаха. Мило ми е, знаејќи дека сите тие забелешки се наменети за мене 🙂“ – изјави Попевски.

Check Also

WRC Финска: Танак во водство, неговите тимски колеги во проблеми

Возачот на Toyota От Танак ја зголеми предноста на Рели Финска, но неговите колеги наидоа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *