Friday , April 20 2018
Home / Latest Articles / После една година, кружна автомобилска трка во Кичево!

После една година, кружна автомобилска трка во Кичево!

После неуспешната ридска трка во Пробиштип во организација на АФМ (Автомобилистичка Федерација на Македонија), овој викенд на кружната патека во Кичево ќе се одржи меѓуклупскиот шампионат на кружни патеки во организација на АКК Примо АВЈ

По пауза од една година нашите најдобри автомобилисти ќе се соберат да ја отворат сезоната на кружни патеки со слободниот тренинг што ќе се вози во сабота со почеток во 12:30 часот. По него ќе се возат квалификациите што ќе ги одредат стартните позиции на натпреварувачите за неделната трка, што е предвидена да започне во 13 часот, но пред трката, според распоредот ќе се вози слободен тренинг. Се очекуваат околу 20-тина натпреварувачки возила, а радува информацијата за вадење на автомобили од тркачките гаражи, што не сме ги виделе повеќе години на тркачките патеки. Авто Картинг Клубот Никола Карев на оваа трка ќе пристигне со 10 натпреварувачки возила, од кои некои се за прв пат под капата на клубот.

Исто така учество ќе земат и возачите на Custom Car Racing, Мартин Делев и Зоран Делев, додека неофицијално дознаваме дека ќе се вози онаа незаборавната Opel Astra на која сопственик сеуште е бившиот автомобилист Илија Малинковски. Во оваа прилика посакуваме успешно отварање на сезоната, за организаторот АКК Примо АВЈ, натпреварувачите и за публиката што ќе бидат присутни да ги поздрават нашите храбри автомобилисти.

Очекувајте информации во текот од викендот.

Check Also

F1: Ферстапен: Не ми е потребен психолог

Возачот на Red Bull Racing, Макс Ферстапен, вели дека веќе го оставил позади себе Кинеското …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *