Monday , June 18 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / После Котор, Василије Јакшиќ со победа и нов рекорд на патеката Глава Зете после 10 години!

После Котор, Василије Јакшиќ со победа и нов рекорд на патеката Глава Зете после 10 години!

Црногорскиот возач Василије Јакшиќ извојува уште една убедлива победа на ридската трка Глава Зете.

Не само што победи, тој постави и нов рекорд за Група N-2000 со неговиот автомобил Honda Civic Type-R, подобрувајќи го рекордот од пред 10 години кој го постави косовскиот возач Шкелзен Лајчи, познат како Кени. Рекордот на Лајчи изнесуваше 4:13.200, додека новиот рекорд на Јакшиќ изнесува 4:11.249, што е безмалку за две секунди симнат.

„Кога станува збор за Глава Зете 2018, не се надевав на ваков резултат поради силната конкуренција оваа година. Мислев дека нема да можам да им парирам на Вучковиќ и на Асановиќ, бидејќи не ја познавам патеката толку добро како нив.

Веднаш после првиот тренинг видов дека сум доста брз, а со тоа дека можам да се борамза победа. Денот на трката беше доста тежок, имаше многу чекање и многу масло истурено по патеката, но тоа се ридските трки, за сите е исто…

Автомобилот функционираше совршено, јас дадов се од себе, многу ризикував и дојдов до победа при што го подобрив и стариот рекорд за две секунди. Задоволен сум од постигнатите резултати оваа година. Дојдов до пола сезона и водам во црногорскиот шампионат, а исто така и во ЦЕЗ шампионатот на ридски патеки.

Веќе од утре ќе се подготвуваме за следната ридска трка Ловќен, која ќе се одржи на 7 и 8 јули.“ – изјави Јакшиќ.

Check Also

MotoGP: Хорхе Лоренцо на пол позиција на Каталуња

Шпанскиот возач Хорхе Лоренцо успеа да ја освои пол позицијата за Ducati, со предност од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *