Wednesday , November 21 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / После летната пауза, Давидовски и Стефановски продолжуваат со 5-тата рунда на патеката Асен

После летната пауза, Давидовски и Стефановски продолжуваат со 5-тата рунда на патеката Асен

После летната пауза од шест недели возбудливата TCR Серија се сели повторно во Холандија, овој пат на патеката Асен.

На Асен продолжува борбата за титула помеѓу Микел Аскона и Душан Борковиќ, кои пристигнуваат со еден поен разлика во предност на Аскона кој со 112 поени се наоѓа на лидерската позиција во генерален пласман кај возачите.

Борковиќ е веднаш позади со 111 поени, додека на третата позиција е Даниел Наџ со 87 поени, кој мудро ја следи борбата за титулата помеѓу неговите конкуренти.

Важно е да се спомене дека Душан Борковиќ и Џош Фајлс се казнети и ќе стартуваат по три места поназад, Борковиќ поради ударот во Фајлс, додека Фајлс поради контактот со Жулиен Брише на Хунгароринг.

Оваа рунда ќе се вози на познатата мотоциклистичка патека во должина од 4545 метри, а ќе се возат две трки од по 23+1 кругови.

Нашите двајца натпреварувачи Виктор Давидовски и Игор Стефановски исто така продолжуваат со своите настапи, после последната трка од првиот дел од сезоната на Хунгароринг.

Да ги поддржиме и да им посакаме среќа и добар резултат.

Распоредот за викендот изгледа вака:

Петок:
12:10 – 12:40 Прв слободен тренинг
14:40 – 15:10 Втор слободен тренинг

Сабота:
08:59 – 09.34 Квалификации
14:51 Прва трка

Недела:
11:00 – Втора трка.

Check Also

WTCR: Верне со победа во првата трка, Хаф ќе мора да почека за 11-та рекордна победа

Францускиот возач Жан-Карл Верне дојде до изненадувачка победа, кој буквално ја украде од фаворитот за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *