Thursday , January 18 2018
Home / Latest Articles / Првите два автомобили Hyundai i30 N TCR се испорачани на сопствениците

Првите два автомобили Hyundai i30 N TCR се испорачани на сопствениците

Hyundai Motorsport направија огромен чекор во тркањето минатата недела со испорачување на првите два автомобили на сопствениците

Официјалното предавање на двата автомобили на двата тима кои изразија огромно интересирање за овој модел се случи во Алзенау (Германија), главниот штаб на Hyundai Motorsport во Европа.

Едно од најголемите имиња во моторспортот во Јужна Кореа, KMSA, изрази желба за i30 N TCR уште на почетокот од неговото развивање кое започна во февруари оваа година. Тие се технички партнери на голем број на тркачки серии во земјата, вклучувајќи и моно марка шампионати каде се користи брендот Hyundai.

Како и да е, набавката на i30 N TCR е првиот чекот за тимот во оваа категорија која е претставена локално од TCR Asia и новопотврдената серија TCR Korea. Hyundai Motorsport и понатаму ќе продолжи со производство и испорака на автомобили до тимовите кои ги подготвуваат своите TCR кампањи низ целиот свет.

Check Also

F1: Нови построги правила за добивање на супер-лиценца во Ф1

Управното тело на Формула 1 се реши да воведе построги правила за доделување на супер-лиценца …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *