Monday , July 6 2020
Home / Latest Articles / Претставено е специјално издание – Lotus слави 20 години од постоењето на Exige

Претставено е специјално издание – Lotus слави 20 години од постоењето на Exige

Специјалното издание вклучува три ретро бои на каросерија

Lotus Exige Series 1 за прв пат беше претставен во 2000 година. Дваесет години подоцна компанијата ја слави годишнината со претставување на специјалниот модел кој ќе го означи постоењето. Британскиот производител на спортски автомобили го подобри моделот Exige Sport 410 со неколку измени во внатрешноста и надворешноста.

Специјалниот модел ќе биде достапен во три ретро бои и тоа: Хром Портокалова, Ласер Сина и Калипсо Црвена. Останати детали кои се додадени се покрив во боја на каросерија, странични усисници за воздух и заден висок спојлер.

Подобрувањата не се однесуваат на погонскиот агрегат. Останува истиот 3.5 литарски V8 кој со помош на компресор располага со 410КС и 420Њм вртежен момент. Поврзан е со 6-степен рачен менувач со краток пренос.

Амортизацијата се состои од тросмерни Nitron амортизери кои се подесиви според различни услови, како улично подесување и подесување за на тркачка патека.

Цената на овој модел изнесува речиси 90.000 евра

Check Also

Bugatti Pur Sport… Да, Bugatti Pur Sport

Bugatti почнува да личи на нешто. Bugatti Pur Sport почетно требаше да биде претставен на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *