Saturday , October 31 2020
Home / Latest Articles / Претставен е VW Golf GTI Clubsport 2021 со 300КС

Претставен е VW Golf GTI Clubsport 2021 со 300КС

Овој модел е специјално подесен за Нордшлајфе

Моделот VW Golf GTI Clubsport, со неговото деби ќе им овозможи на идните сопственици незаборавно искуство, а на германскиот бренд ќе му даде порасположен хечбек.

Како се потрудија инженерите да го направат овој автомобил дел од секое спортско срце?

VW Golf GTI Clubsport подлегна на подобрување на моторот, сопирачките, суспензијата и управувачкиот систем, со една цел, да произведат автомобил што ќе биде многу повозбудлив за возење.

Под хаубата се наоѓа 2.0 литраски турбо агрегат со четири цилиндри кој произведува 296КС и 400Њм вртежен момент. За споредба, стандардниот GTI модел располага со 242КС и 370Њм вртежен момент.

Clubsport моделот ексклузивно доаѓа со 7-степен менувач со двојна спојка. До 100 киломтери на час пристигнува за помалку од шест секунди, додека максималната брзина му е ограничена на 250 км/ч.

Следен интересен податок е доработениот Vehicle Dynamics Manager кој го контролира варијабилното заклучување на предниот диференцијал на овој автомобил со само преден погон, а од компанијата тврдат дека овој систем му овозможува на автомобилот подобра реакција и на најмали вртења на воланот и го елиминира пролизгувањето на предниот дел.

Суспензијата на Clubsport моделот е пониска за 15мм од стандардниот GTI модел, а исто така подесен е и со зголемен позитивен нагиб на предните тркала, за да има подиректна реакција кога влегува во свиок.

Ако сте љубител на патеката Нордшалајфе и ја посетите, тука за вас има позитивни вести бидејќи Clubsport моделот поседува специјално возачко подесување кое е точно прецизно направено за на „Зелениот Пекол“, кое располага со помека суспензија од Sport модот, бидејќи тврда суспензија на Нордшлајфе е погрешен избор.

Check Also

WTCR: После доминацијата на Хунгароринг, Хонда ќе добие најголема тежина на Арагон

Münnich Motorsport, ќе мора да додаде максимум тежина на своите автомобили за Арагон овој викенд …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *