Saturday , December 16 2017
Home / Latest Articles / Протестот против Давидовски заврши, моторот кристално чист

Протестот против Давидовски заврши, моторот кристално чист

Како што веќе најавивме, очекуваниот протест беше поднесен од страна на минатогодишниот шампион во класата Југо Спорт, попозната како “Хибрид”

После неделната трка во која Виктор Давидовски заврши на втората позиција позади младиот и надежен возач Петар Милорадовиќ, беше спроведен протест на автомобилот, поточно на неговиот мотор. После деталниот преглед кој траеше околу пет часа, техничката комисија на трката донесе одлука дека моторот е кристално чист, за што се сомневаше српскиот возач и минатогодишен шампион Душан Настасијевиќ.

Настасијевиќ после откажувањето на неделната трка поради дефект во моторот немаше ниту теоретски шанси да ја земе титулата по трет пат и да освои златна кацига, иако кај Давидовски би биле најдени некои направилности. Но ниту тоа не го спречи Настасијевиќ да го продолжи барањето за протестот иако за него резултатот ќе беше непроменет. Сепак тој беше убеден дека моторот на Виктор е нерегуларен, при што беше видно разочаран на крајот од протестот кога и неговиот тунер популарниот “Бојси” констатираше регуларен мотор. После завршувањето на протестот спортски беше пружена рака од страна на Настасијевиќ и Бојси на Виктор и Часлав Тошиќ, тунерот на Давидовски.

После се ова во разговор со Виктор заедно констатиравме дека тој дефинитивно е возач на кого му се дадени највеќе протести во историјата на Југословенскиот автомобилизам во целост, поради што тој ја загуби Златната Кацига која се добива за три титули по ред. Една од баналните причини беше проблемот околу бирачот на брзини иако во хомологација стои дека целиот тој склоп е по слободен избор, а тоа се однесувало само на рачката на бирачот, што и до ден денес не ни е јасно како таа игра на зборови резултираше со дисквалификација.

Новиот председател на Српскот Авто и Картинг Сојуз Станиша Лазарац во разговор со БрзКруг категорично изјави дека многу работи се и ќе бидат променети и нема веќе да бидат присутни такви банални опструкции за никој возач во иднина, од кои би дошло до деморализација кај било кој возач.

Давидовски и неговиот тим се вратија во Македонија со детално растурен мотор, но со освоена титула во најжестоката класа на тркање на Србија!

Check Also

Skoda го слави успехот во WRC2 со Fabia Special Edition

Единствено, штета е што ова не е RS модел… Иако во сообраќајот на патиштата Skoda …

One comment

  1. Честитки Виктор!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *