Wednesday , June 3 2020
Home / Latest Articles / Ред Бул Ринг беше домаќин на третата и четвртата рунда од TCR Europe SIM Racing шампионатот

Ред Бул Ринг беше домаќин на третата и четвртата рунда од TCR Europe SIM Racing шампионатот

Како што веќе најавивме, поради ситуацијата со пандемијата и откажаните шампионати, голем дел од шампионатите беа прилагодени на виртуелни трки.

Во TCR Europe во првата и втората рунда која се одржа на патеката Спа-Франкоршамп Унгарскиот возач Норберт Наџ беше непобедлив со Hyundai, покажувајќи беверојатни способности.

Исто така тој успеа да обезбеди пол позиција и победа на третата рунда на Ред Бул Ринг вечерва со Жил Магнус, Тамаш Тенке, Теди Клаире и Мато Хомола позади, додека поради обратниот грид од пласманот од првата трка, на втората трка стартуваше од десеттата позиција не успевајќи да дојде повторно до победа.

Во втората трка на Ред Бул Ринг победник беше Нилс Лангевелд со Audi, пред Микел Аскона, Мато Хомола, Жил Магнус и Теди Клаире.

Македонскиот возач Виктор Давидовски во првата трка заврши на 24-тата позиција, иако доста добро се држеше на средината околу 15-тата позиција, додека во втората трка беше дисквалификуван.

Следната трка од виртуелниот TCR Europe шампионат ќе се одржи на патеката Хунгароринг на 27 мај.

Check Also

Vuković Motorsport го претстави унапредениот Renault Mégane RS EVO TCR

Vuković Motorsport го претстави унапредениот Renault Mégane RS TCR, наречен EVO. Во споредба со претходната …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *