Thursday , January 18 2018
Home / Latest Articles / Реплика на Lamborghini Aventador од македонски вајар!

Реплика на Lamborghini Aventador од македонски вајар!

Македонски вајар со реплика на Lamborghini Avеntador! Изработката е започната, следи готов производ… 

Анто Антовски како дипломиран вајар сериозно зачекори по патеките на автомобилскиот дизајн, како што вели тој, сонот му се остварува преку неговотo дело наречено „Автомобил од соништата на четири тркала“, односно изработена реплика од легендарниот автомобил Lamborghini Avеntador кој според него е врвот на автомобилското дизајнерско достигнување.

Со голем ентузијазам, труд, време, знаење и финансиско вложување Анто успеа да дојде до остварување на моделот кој е изработен во смалена верзија со димензиите: должина 3,70 м, ширина 1,47 м, висина 80см. Работено е во неколку фази, од моделирање во глина, калапи негатив-позитив негово составување, составување на подвозје кое е независно од каросеријата со заден погон кој ќе го придвижува мотор од Субару 1.2 кубни сантиметри (со план за посилен агрегат), решавање и уклопување до составување на целото возило како и специјално нарачени стакла по демензии и облик по формата од самиот дизајн на автомобилот.

Возилото ќе биде наменето за помладата популација, ќе може да се вози по специјални патеки, картинг патеки, автодроми и слободни патеки за тест проби кое е идеално за забави, тв шоу, реклами, автомобилски емисии, а не е наменето за трки и сообраќај. Според него упорноста заедно со решавање на проблемите даваат добар краен резултат. За скоро време со претходна најава до сите гледачи и луѓе што се љубители на ваков тип на забава, ќе биде испратена покана за презентацијата односно изложба каде што ќе имаат прилика да го видат автомобилот во комлетно и детално издание.

Како нареден односно како втор проект, план му е изработка на реплика на Ferrari F812 модел 2018 година кој ќе може да се вози во сообраќај со македонски регистарски таблички…

Check Also

F1: Нови построги правила за добивање на супер-лиценца во Ф1

Управното тело на Формула 1 се реши да воведе построги правила за доделување на супер-лиценца …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *