Saturday , October 31 2020
Home / Latest Articles / Ридската трка Бузет од срцето на Истра, оваа година стерилизиранa (резултати)

Ридската трка Бузет од срцето на Истра, оваа година стерилизиранa (резултати)

На Бузетската трка на која досега имало минимум по 10.000 гледачи и важи за вистински спектакл во Европа, оваа година изгледаше по малку морничаво…

Како официјален медиум редакцијата на БрзКруг присуствуваше шест пати до сега, но поради рестрикциите причинети од Ковид19 оваа година ја скокнавме. Можеби и подобро.

Целата еуфорија од која бевме дел оваа година не постоеше, што може да се види по фотографиите направени од малкуте фотографи кои присуствуваа на оваа трка.

Сепак возачите кои беа дел од оваа трка и покрај откажувањето на Европското првенство на ридски патеки на кое Бузет е финале, тие уживаа во оваа прекрасна патека на која и тоа како имаше борби овој викенд.

По стандардниот протокол за трка, техничкиот преглед беше одржан во петокот, а двата тренинзи и двете трки во сабота и недела, под строги норми кои ги наложува Светската здравствена организација.

Секвупен победник на 39 Бузетски Денови беше Францускиот возач Себастиен Пети во прототип Nova NP 01, пред Фаусто Бормолини во формула Reynard K02, додека третото место на подиумот во генерален пласман го пополни домашниот возач Домагој Перековиќ во автомобил Mitsubishi Lancer EVO 9.

Четврто најбрзо време имаше минатогодишниот шампион на Хрватска во генерален пласман и најблизок ривал на Перековиќ, Дејан Димитријевиќ кој како што изгледа ќе ја одбрани титулата оваа година, поради пеховите кои ги имаше Перековиќ на изминатите трки.

Петти беше Петар Дајак, пред Франко Берто, Марио Јуришиќ, Вимер Норберт, Матија Јуришиќ и Дејан Копајтиќ кој ги комплетираше топ 10-те.

Целосните резултати од првата и втората трка погледнете ги подолу:

Check Also

WTCR: После доминацијата на Хунгароринг, Хонда ќе добие најголема тежина на Арагон

Münnich Motorsport, ќе мора да додаде максимум тежина на своите автомобили за Арагон овој викенд …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *