Friday , October 18 2019
Home / Latest Articles / Ридска Трка Водно 2: Стефановски најбрз во генерален пласман, трката ја означија излетувања (ВИДЕО)

Ридска Трка Водно 2: Стефановски најбрз во генерален пласман, трката ја означија излетувања (ВИДЕО)

Денешната трка го означи крајот на сезоната на ридски патеки во Македонија…

Денес на ридската патека на Водно се одржа последната трка од државниот шампионат на Македонија во автомобилизам на ридски патеки. Оваа трка ја означија неколку излетувања поради кои целата програма толку многу се оддолжи, што организаторот мораше да прогласи прекин со откажување на второто возење.

Најпрво, опасно излетување на свиокот „Видиковец“ имаше Коста Николовски со автомобил Peugeot 106 кој требаше само да се искачи до целта за да ја земе титулата оваа година. Но поради лоша проценка и голема брзина, тој излета, уништувајќи го неговиот автомобил.

Тоа не одзема многу време, колку што одзема излетувањето на Слободан Трајковски кој удри во гледач кој стоеше на место кое не беше дозволено за гледачи и покрај неговото одлично познавање на правилата за публиката.

За среќа гледачот се здоби со лесна набиеница на петата на ногата, а Трајковски помина без никакви повреди, иако видно потресен од ситуацијата. Поради инцидентот беше повикана увидна служба од полицијата која беше неизбежно да направи увид на лице место, при што трката беше прекината речиси два часа.

Откако беше повторно пуштена, останатите возачи го завршија првото возење, но второто беше откажано бидејќи денот доаѓаше при крај. Видни лица од полицијата посочија второто возење да биде откажано поради безбедносни причини, ладен асфалт кој предизвика неколку излетувања во текот на викендот, за организаторот да подвлече линија и официјално да го откаже второто возење:

„Не беше лесно да се донесе ваква одлука, но тотално се сложувам со претставникот од полицијата кој беше присутен со увидната служба. Иако повеќето возачи потпишаа дека се сложуваат да возат на своја одговорност поради лошите услови на патеката, сепак подоцна морав да се сложам за откажување на второто возење. Некои возачи не се сложија со тоа, но останатите се сложија.

Кога станува збор за излетувањето на Трајковски и ударот во несовесниот гледач, секако дека кривицата е во гледачот кој добро ги познава правилата, но сепак не ги испочитува и застана на опасно место. Излетувања се случуваат само поради непочитување на одговорните лица за безбедноста на патеката. За среќа, гледачот помина без сериозни повреди.“ – изјави организаторот на натпреварот, Мојсије Милосавлевски.

Откако продолжи трката, последен автомобил кој се качи беше Hyundai I30N TCR на Игор Стефановски кој имаше најбрзо време на патеката (2:06.02). На втората позиција заврши гостинот од Бугарија Васил Тодоров со време од 2:18.52, кој беше за само 24 стотинки побрз од Македонскиот натпреварувач Димитриј Кимовски кој имаше деби со неговиот нов автомобил Honda Civic Type-R.

Четврт беше Даниел Блажевски кој воедно ја освои и титулата во класата N/SP за оваа сезона. Петти беше Југослав Милошевски, пред Давид Малинковски, Спирко Петрушевски, Иван Козарски, Екрем Мемиши и Александар Христов кој ги комплетираше првите 10 возачи.

Останатите резултати погледнете ги подолу:

 

Check Also

Опасно превртување на Мирко Миловановиќ на Авала…

Овој викенд близу Белград, се одржа ридската трка Авала која е последна во шампионатот во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *