Friday , August 14 2020
Home / Latest Articles / Ридска трка Водно 2019 – (извештај)

Ридска трка Водно 2019 – (извештај)

Во организација на Custom Car Racing, изминатиот викенд на падините на Водно беше одржана долгоочекуваната ридска трка која се бодуваше за Македонскиот шампионат во автомобилизам, како и за Централно Европската Зона.

Вкупно беа пријавени близу 50 возачи меѓу кои и гости од Црна Гора и соседна Бугарија. Најбрз на патеката беше Игор Стефановски во Hyundai i30N TCR, кој воедно постави и рекорд на патеката со време од 2:02.09, додека втор во генерален пласман и прв во Е1-2000 заврши Димитриј Кимовски (Honda Civic) со време од 2:14.75 во првото возење и 2:15.18 во второто возење.

Трет во генерален пласман беше гостинот од Црна Гора, Василије Јакшиќ (Honda Civic) во класата N-2000, кој извози со време од 2:13.86 во првото возење, додека во второто возење имаше проблеми со автомобилот, при што не успеа да го подобри времето од првото возење.

На четвртата позиција во генерален пласман и втор во класата Е1-2000 заврши гостинот од Бугарија Васил Тодоров (Opel Astra), додека петти беше Давид Малинковски, воедно и трет во класата Е1-2000.

Шести заврши Екрем Мемиши, додека на седмата, одмата и деветтата позиција завршија Косју Јорданов, Даниел Блажевски и Орхан Амет кој беше победник во класата Е1-1600. Топ 10-те ги комплетираше Филип Василиевски со прекрасно и спектакуларно возење.

Во класата Yugo А-1.150 победи Георгиј Наков, пред Михајло Лазаревски и Александар Георгиевски, додека во Renault Twingo Cup-от победата ја однесе Мартин Делев пред Емил Нацка и Слободан Трајковски

Целосните резултати погледнете ги подолу:

 

 

Check Also

МотоГП: Историска победа за КТМ и дебитантот Бред Биндер

Јужно Африканскиот возач Бред Биндер дојде до убедлива и неверојатна победа на патеката Брно во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *