Sunday , March 7 2021
Home / Latest Articles / Ридска трка Глава Зете 2020: Кашчелан најбрз на двата дождливи тренинзи

Ридска трка Глава Зете 2020: Кашчелан најбрз на двата дождливи тренинзи

Стартуваше третата трка од шампионатот во автомобилизам на ридски патеки во Црна Гора

Возачот на АМСК Котор Немања Кашчелан беше најбрз на двата тренинзи на 7.000 метарската патека Глава Зете, а дождливото време и влажната патека им ги отежна условите на пријавените 31 натпреварувачи

На првиот тренинг Кашчелан (Honda Civic E1-1600) беше најбрз во генерален пласман од сите возачи со време од 4:27.404 на влажната патека, додека веднаш позади него со заостанување од само 0.745 секунди на 7.000 метарската патека пристигна Василије Јакшиќ (Honda Civic N-2000), додека Дражен Радуловиќ (Honda Civic SP) пристигна за речиси две секунди подоцна од Јакшиќ.

Четврти најбрз во првиот тренинг беше ветеранот Тихомир Ачимиќ пред Филип Петковиќ на петтата и Даворин Николиќ на шестата. Седмо време имаше Мило Ѓукановиќ, осми беше Вељко Станишиќ, пред Никола Мијановиќ, додека топ 10-те ги комплетираше Бачко Вујовиќ.

Вториот тренинг борбата помеѓу првите двајца Кашчелан и Јакшиќ продолжи, со тоа што Кашчелан го подобри своето време за нешто повеќе од три секунди (4:24.228). Јакшиќ не успеа да извози побрзо, но ја намали разликата на само 0.272 секунди со извозено време од 4:24.228

Трет овој пат пристигна Тихомир Ачимиќ, додека четврто време извози исто така ветеранот во иста класа со Ачимиќ, прославениот Жељко Баничевиќ, пред Никола Мијановиќ на петтата позиција.

Потоа до десеттата позиција следеа Станишиќ, Вујовиќ, Николиќ, Радовиќ и Марџановиќ.

Се надеваме на сува патека утре и поголеми борби за подобро време.

Фото: Шора Митровиќ

Check Also

ETCR: Микел Аскона го потврди своето учество во електричниот TCR шампионат

Станува интересно со електрифицирањето… Шпанскиот возач Микел Аскона го потврди неговото учество во првата сезона …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *