Sunday , January 21 2018
Home / Latest Articles / Ридска трка Ловќен 2017 – резултати од 1 тренинг од најопасната патека на балканов!

Ридска трка Ловќен 2017 – резултати од 1 тренинг од најопасната патека на балканов!

Овој викенд на патеката Ловќен долга 12.8 километри која се протега од Цетиње до Иванови Корита, се вози Меѓународна ридска трка

Денес на програмата се два тренинга од кои првиот веќе се извози. Иако има најава за напад на рекордот на патеката кој го држи Јован Ачимиќ, со истиот прототип кој сега нов сопственик е Лука Шпадијер, тоа ќе биде малку тешко да се постигне бидејќи рекордот на Јован Aчимиќ изнесува 7:32,067 што е за 1м и 10с побрзо од времето на Шпадијер поставено на првиот тренинг, но сепак останува да поминат уште еден тренинг и една трка која е на програмата утре.

На првиот тренинг најбрз беше токму Лука Шпадијер со време од 8:43.619 кое го постави позади воланот на Global GTI, додека позади него беше добро познатиот и супер брз Немања Кашчелан кој позади воланот на својот автомобил Honda Civic во класата H1600 извози со време од 8:51.069 со заостанување од 7.450 што е доста брзо, ако го споредиме со третото време постигнато од Горан Капичиќ позади воланот на Honda Civic Type-R N2000 од 9:06.440.

На четвртата позиција се најде добро познатиот ридски возач Горан Вучковиќ позади воланот на неговиот автомобил Honda Civic Type-R N2000 направи време од 9:08.665. Топ 5-те во генерален пласман ги заокружи Дејан Мијановиќ во автомобил Yugo Gr.H. Во топ 10 влегоа Иван Ражнатовиќ, Василије Јакшиќ, Предраг Вујовиќ, Ненад Баничевиќ и Стеван Бановиќ.

Подолу се резултатите од првите 20 возачи, а вториот тренинг се очекува да започне во секој момент.

Check Also

Koj Honda Civic Type R e подобар? EP3 против FN2 против Mugen против FK2 против FK8

Во следново видео ќе видите навистина интересна споредба помеѓу сите досегашни Honda Civic Type R. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *