Sunday , September 22 2019
Home / Latest Articles / Ридска трка Пониква – Кочани (најава)

Ридска трка Пониква – Кочани (најава)

Македонскиот шампионат во автомобилизам на ридски патеки продолжува на познатата патека Пониква во Кочани

Овој викенд на програмата е третата трка од календарот на ридскиот шампионат во автомобилизам. Програмата е следната:

Во петок во 8:00 часот наутро ќе биде објавена пријавната листа, додека верификацијата и техничкиот преглед се од 15 до 19 часот, а од 19:30 е првиот состанок на жири комисијата.

Во сабота од 11 часот е првиот тренинг, додека од 12 е вториот тренинг. Вториот состанок на жири комисијата е во 15 часот, а во 15:30 ќе биде објавена официјалната стартна листа.

Во недела, во 9:00 е свеченото отварање на натпреварот, првата трка ќе стартува во 11:00 часот, а од 12:00 часот е второто возење.

Check Also

Димитриј Кимовски најбрз на тренинзите на Пониква

Кимовски без изненадувања Овој викенд на ридската патека Пониква над Кочани се одржува натпревар од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *