Monday , January 18 2021
Home / Latest Articles / Ристо Вуков со трета стартна позиција на Берановац

Ристо Вуков со трета стартна позиција на Берановац

Овој викенд на воениот полигон Берановац крај Краљево во тек е третата рунда од Српскиот шампионат во автомобилизам…

Македонскиот натпреварувач Ристо Вуков ќе стартува од третата позиција на гридот после одржаните квалификации на влажна подлога. Пол позицијата ја освои Душан Настасијевиќ, додека втората позиција после лошата среќа на претходната трка во Бања Лука, ја освои Милош Пауновиќ.

Трет ќе стартува Вуков, пред Предраг Ламбаша и Ненад Мијаљевиќ. Никола Лазаревиќ ќе стартува од шестата позиција, додека позади него од седмата позиција трката ќе ја започне Петар Милорадовиќ.

Според изјавата на Вуков после квалификациите, очекуваме дождовна трка, па затоа работите стануваат уште поинтересни. Еден од главните конкуренти на Вуков, минатогодишниот шампион Часлав Тошиќ не учествува на оваа трка, па затоа очекуваме работите во генерален пласман да се измешаат.

До утре!

Check Also

Дакар 2021: 14та Дакар титула за „Г-дин Дакар“

Француската офроуд легенда Стефан Петерхансел дојде до рекордна 14-та Дакар титула, откако победи на 2021 …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *