Валентино Роси е во проблеми…
Италијанската Мото ГП легенда Валентино Роси изјави дека не е доволно конкурентен за борба за Мото ГП титулата иако се наоѓа на само 26 поени од лидерот во шампионатот Андреа Довициозо, после падот на Мизано во неделата.
Возачот на Yamaha моментално се наоѓа на седмата позиција во генерален пласман откако се повлече во боксот после падот во вториот круг. Тој и самиот изјави дека не очекувал многу од трката бидејќи немал добар грип, но и не се чувствувал повеќе конкурентен за титулата.
„Изгубив поени, да, но тоа не менува многу. Има многу возачи меѓу кои разликата во поени е мала, а шампионатот е сеуште отворен, но и долг. Се е возможно. Мораме да останеме силни, да се забрзаме, а исто така овој викенд пробавме доста работи. Сепак на крајот од трката видов дека не се чувствувам добро на мотоциклот, немав добар грип. Како и да е, не сум доволно конкурентен за титулата, а за тоа ми фали брзина. Иако минатата недела се чувствував по конкурнтен, но овој викенд едноставно го немаше тоа.“– изјави Роси.