Monday , August 19 2019
Home / Latest Articles / Само 400 примероци од BMW M850i Coupe First Edition

Само 400 примероци од BMW M850i Coupe First Edition

Дојде време BMW M850i Coupe да се покаже на пазарот

Ограничената верзија на BMW M850i Coupe, наречена First Edition ќе биде достапна за само 400 купувачи, а доаѓа со уникатен дизајн и огромен број на опции.

Како прво, тука е специјално развиената боја која ќе биде уникатна за овој автомобил. Следуваат 20-инчните тркала во црна боја, како и карбонскиот покрив и карбонските надворешни детали.

Внатрешноста исто така е полна со луксуз, а специјалната Алкантара кожа во две опции го дополнува тој луксуз.

BMW M850i доби 4.4 литарски V8 твин турбо агрегат со 530КС и 750Њм вртежен момент. Силата е распоредена на сите четири тркала при што забрзувањето од 0 до 100км/ч изнесува 3.7 секунди.

M8 исто така доаѓа брзо, но до тогаш, BMW M850i е најсилната серија 8 која може да се купи.

Check Also

WRC Финска: Танак во водство, неговите тимски колеги во проблеми

Возачот на Toyota От Танак ја зголеми предноста на Рели Финска, но неговите колеги наидоа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *