Wednesday , October 17 2018
Home / Latest Articles / Сатон го освои престижниот Британскиот туринг шампионат оваа година!

Сатон го освои престижниот Британскиот туринг шампионат оваа година!

Возачот на тимот BMR Subaru Еш Сатон ја освои шампионската титула откако неговиот ривал за титулата Колин Туркингтон мораше да се откаже од последната трка на Брендс Хеч

Иако малку доцниме, оваа информација не може да се прескокне. Станува збор за Британскиот шампионат на туринг автомобили кој важи за можеби најжесток автомобилски шампионат на планетава, од каде излегоа едни од најдобрите автомобилисти на планетава во последниве две децении.

Имено, откако ја победи втората трка, Туркингтон се фрли во бркање на Сатон, кој водеше 6 поени во генерален пласман. Но Туркингтон стартуваше како 10-ти поради обратниот грид, со Сатон кој тргна две позиции позади него. Туркингтон имаше перфектен старт и стигна до шестата позиција до крајот на првиот круг. Во вториот круг успеа да освои уште една позиција од Џек Гоф, а се очекуваше да доби повеќе позиции напред откако Том Инграм го истурка Мет Џексон надвор од патеката.

Откако Џексон се врати пак на патеката, но додека се враќаше го закачи задниот десен ќош од BMW-то на Туркингтон, задавајќи му трајна штета на неговата суспензија.

„Откако ќе се случи таков проблем, не може ништо да се направи. Мет се враќаше на патеката и се чудам како не ме виде. Можеби едноставно немав среќа. Но тоа се туринг трките, некогаш е ваш ден, а некогаш не. Баш сум разочаран. Но Еш беше доста фер. Целата сезона ја извози доста добро, им честитам на победата и нему и на неговиот тим. Тие беа одлични ривали. сакав да бидам јас на подиум со титула, но тоа не се случи, не овој пат.“ – изјави Туркингтон.

Check Also

Филип Василевски после Скопски Круг: Победата e послатка со проблеми!

Македонскиот возач Филип Василевски кој е познат по неговата пожртвуваност, успеа да дојде до тешка …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *