Овој викенд како дел од календарот на Централно Европска Зона се вози првата ридска трка во Косово, насловена како „Ридска Трка Кула“
По тој повод седум Македонски возачи – Димитриј Кимовски, Филип Џуклески, Георгиј Наков, Дејан Манасиев, Александар Стојанов, Бојан Георгиевски и Синиша Станков допатуваа и земаа учество на денешните тренинзи како дел од 35-те пријавени возачи.
На денешните тренинзи најбрзо време имаше Лиридон Календери во автомобил Mitsubishi Lancer EVO 9, со време од 3:18.817, додека гостинот од Унгарија, познатиот возач на Формула Raynard Zytek Ласло Шаш, извози второ време од 3:22.210, а трето време имаше Бардил Каноли во прототип Radicall SR8 LM со време од 3:25.728
Димитриј Кимовски имаше 10-то најбрзо време во генерален пласман со неговиот автомобил Honda Civic Type-R (3:44.142), Џуклески имаше 16-то време, додека Наков, Манасиев, Стојанов, Георгиевски и Станков се најдоа на 26, 28, 30, 33 и 35 време.
Утре на програмата се две трки, кои како збирно време ќе одлучат пласман на возачите.