Wednesday , October 17 2018
Home / Latest Articles / Следи возбудлив картинг викенд во Арт Картинг Центар!

Следи возбудлив картинг викенд во Арт Картинг Центар!

Во организација на Custom Car Racing Team на 22 и 23 септември на АРТ КАРТИНГ Центарот покрај СРЦ Борис Трајковски ќе биде одржана картинг трка од државното првенство на Македонија

Custom Car Racing Team-от најавува огромна возбуда на патеката проследена со изненадувања за сите присутни, кои како организатори на кружната трка Кичево 2 и тоа како се покажаа дека знаат да организираат трка на високо ниво.

Исто како и во Кичево, трката ќе биде проследена со пренос во живо на фејсбук страната и на јутјуб каналот на Custom Car Racing Team, што е голема реткост да некој толку многу се труди да направи незаборавна трка.

По тој повод, ве повикуваме овој викенд на картинг патеката крај Борис Трајковски во сабота и недела, да присуствувате на овој настан и да ги поздравите нашите надежни возачи, помеѓу кои ќе настапи и супер брзиот Петар Богатиновски кој освои титула оваа година во Српскиот шампионат и новата надеж во автомобилизмот Стефан Стефановски, син на бившиот македонски возач Дејан Стефановски.

Се очекува да настапат 15 тркачи картинзи и 20-тина возачи во изнајмени картинзи во класата „Рентал“, со гости од Бугарија и Косово. Трката е поддржана од Агенција за млади и спорт, Арт Картинг Центар, Табот Продукција, Тинекс, БрзКруг.

„Повеќе од 10 години оваа дисциплина не постои во нашата држава. Главна цел ни е да ја издигнеме оваа дисциплина од мртвите и да ја поставиме на највисоко ниво што е возможно, бидејќи во кого да вложуваме средства и енергија ако не во млади деца кои во иднина ќе прераснат во вистински возачи кои ќе ја претставуваат нашата земја. Кој не би го поддржал тоа?“ – изјави Миле Делев, челникот на Custom Car Racing Team.

Исто така прочитајте го соопштението од организаторите кое следува подолу:

„Сакаме да ве известиме за престојната картинг трка овој викенд на патеката во ART Karting Centar за класата RENTAL која ке биде поделена во две групи до 16 години и над 16 години и учество можат да земат сите кои ги исполнуваат точките од правилникот за оваа трка.

Сите пријавени ќе уплатат за котизација и рентање на картинзите од 3000 денари што вклучува во сабота тренинг и официјален трениг, а најбрзите 5 ке имаат само шанса да настапат на трката во недела во класата 1 Рентал до 16 години и Класата 2 Рентал над 16 години.

За повеке прашања и пријави може да ни пишете порака на оваа страна. Спортски поздрав 🏁“

За сите информации обратете се на следниот линк

https://www.facebook.com/Customcarracingteam/

Check Also

Вуков после Скопски Круг: Прекрасно е чувството да се настапи на домашна трка!

Иако како гостин на Скопски Круг, Македонскиот автомобилист Ристо Вуков одлучи да настапи на домашен …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *