Tuesday , September 22 2020
Home / Latest Articles / Слободан Трајковски го постигна ветеното со уште подобро време на двете трки во Котор

Слободан Трајковски го постигна ветеното со уште подобро време на двете трки во Котор

Ветувањето исполнето, симнати 9 секунди од тренингот.

После завршувањето на тренинзите за ридската трка Котор која се одржа овој викенд, во разговорот кој го имавме со Слободан Трајковски, откривме дека времето поставено на тренинзите не е ниту близу до она вистинското време бидејќи автомобилот е новоконструиран, а тркачкиот викенд во Котор ќе биде еден сериозен тест за него и за автомобилот.

Трајковски посочи дека има уште секунди за симнување:

„Дефинитивно има уште пет до десет секунди за симнување. Тоа го планирам за утрешните две трки. Автомобилот работи перфектно, едноставно сум презадоволен. Ова е перфектен тест, а утре ќе го одржам ветувањето.“ – изјави Трајковски во очи на неделните две возења.

Тоа што го вети, тој и го исполни. Перфектниот склоп помеѓу човек и машина може да постигне многу, а тоа го докажа и самиот Трајковски на неделните две трки од кои времињата се собираа заедно за конечен пласман.

Тој на првата трка извози со време од 2:44.610 што беше за околу девет секунди побрзо од првиот тренинг и нешто повеќе од шест секунди од вториот тренинг, додека времето од второто возење изнесуваше 2:45.509 со што тој го исполни ветувањето.

„Како ви ветив, така исполнив. Тие можности за поправки од првиот и вториот тренинг ги пренесов на првата и на втората трка. Како и на тренинзите и на трката автомобилот работеше беспрекорно. Сигурно има уште да симнувам, но дефинитивно нема да симнам колку што Крсте може. Тој е далеку подобар возач од мене, па затоа може и ќе го видиме тоа во блиска иднина.“ – скромен беше Слободан.

Можеби ова делуваше како најава дека Крсте Трајковски ќе го видиме во блиска иднина во овој автомобил, но како и да е се, да се надеваме дека ова ќе се случи бидејќи тоа би бил вистински празник за очи.

Публиката беше едноставно воодушевена од автомобилот и од возењето на Трајковски, при што го цитираме Чајо Никчевич, еден од судиите на овој натпревар:

„Дефинитивно треба да му се даде орден на македонецот. Како тоа го возеше и го смируваше автомобилот, тоа беше нешто неверојатно.“


Check Also

Вуков: Валелунга е една од најтешките патеки во Италија

Изминатиот викенд на патеката Валелунга во Италија се одржа четвртата рунда од Италијанскиот Порше Карера …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *