Wednesday , August 5 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / Со Дубровник, завршува Хрватскиот и Црногорскиот шампионат на ридски патеки

Со Дубровник, завршува Хрватскиот и Црногорскиот шампионат на ридски патеки

Овој викенд во Дубровник по 20ти пат се одржува ридската трка „Награда на Град Дубровник“ која ќе се вози на познатата релација Комолац-Бргат, во организација на авто клубот Дубровник Рејсинг

За БрзКруг – Владимир Анастасовски

По тој повод редакцијата на БрзКруг после Србија Рели се упати директно во Дубровник каде со оваа трка завршува Хрватскиот и Црногорскиот шампионат на ридски патеки, а во неколку класи ќе се одлучуваат шампиони, како и победници во клубови, каде се води лута борба помеѓу АК Дубровник Рејсинг и АК Жупа Дубровачка.

На овој натпревар пријавени се 83 возачи, но после првата седница на спортската комисија која ќе се одржи во 11 часот, ќе биде објавена стартната листа на возачите за денешниот тренинг, од која ќе биде позната точната бројка на возачи кои пристигнаа.

Од 8 до 11 часот во тек е техничкиот преглед на возилата, додека од 12:30 часот ќе започне првиот тренинг. Во недела на програмата во 10:35 часот е Свеченото отварање на натпреварот, додека првата и втората трка се закажани од 12 до 18 часот.

Се очекува доста возбудлив викенд, па затоа ако сте близу Дубровник, ве покануваме на добра трка.

Check Also

ТЦР Италија: Рекордна бројка од 26 возачи на стартот на втората рунда на Мизано!

Овој викенд на патеката Мизано во Италија се одржува втората рунда од Италијанскиот ТЦР шампионат, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *