Monday , July 6 2020
Home / Latest Articles / Со Златиборското рели, започна рели сезоната во Србија

Со Златиборското рели, започна рели сезоната во Србија

 

Изминатиот викенд, со церемонијалниот старт со петокот и брзинските испити во саботата започна шампионатот во рели дисциплина во Србија, со релито Златибор Голд Гондола

Покрај тоа што е прво рели во домашниот шампионат, исто така ова беше и прво рели во Европа кое беше одржано после пандемијата со КОВИД-19.

На релито стартуваа 29 посади, а церемонијалниот старт се одржа пред хотелот Палисад во петокот навечер, додека саботата беше резервирана за брзинските испити Сушица и Голд Гондола.

Променливите временски услови и долгата пауза може да се каже дека имаа влијание на возачите, а тоа можеше да се види по излетувањето на минатогодишните шампиони Дучиќ/Жариќ кои имаа прилично опасно излетување во кое тие излегоа неповредени, додека автомобилот беше уништен.

Главниот фаворит за победа, Бугарската посада Ангелов/Гаџев се откажаа во третиот брзински испит. Малерите ги пратеа уште неколку посади, но тоа не ја спречи публиката која не беше во мал број, да ги испрати останатите натпреварувачи.

После шест извозени брзински испити победата во генерален пласман ја однесе младиот Лазар Миловановиќ, кој иако во нов автомобил на кој сеуште се навикнува, покажа извонредна умешност, но и огромна желба за шампионска титула. Второто место го освои посадата Јовиќ/Новаковиќ, додека последното место на подиумот го пополнија Пејиќ/Ѓоковиќ.

Во класата 1 први беа Филиповиќ/Милошевиќ после казната што ја добија Милисављевиќ/Марков, додека второто место им припадна на дебитантите Јованетиќ/Жуниќ, додека третата позиција ја освоија Аничиќ/Недиќ.

Во класата 2 можеше да се види извонредно возење, каде победата ја однесоа Пејиќ/Ѓоковиќ, пред Никитовиќ/Милановиќ и Нешиќ/Которчевиќ.

Во класата 3 натпреварот го започна и заврши една посада Крчевинац/Милутиновиќ, но иако беа сами во класата не се опуштија премногу, пристигнувајќи како шести во генерален пласман.

Додека победниците во генерален пласман Миловановиќ/Голиќ воедно беа и победници во класата 4.

Фото и текст: Тијана Цвијовиќ

Check Also

Bugatti Pur Sport… Да, Bugatti Pur Sport

Bugatti почнува да личи на нешто. Bugatti Pur Sport почетно требаше да биде претставен на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *