Thursday , November 21 2019
Home / Latest Articles / Со кружната трка во Скопје, заврши сезоната во автомобилизам на кружни патеки

Со кружната трка во Скопје, заврши сезоната во автомобилизам на кружни патеки

Изминатиот викенд на познатата градска кружна патека кај Македонска телевизија се одржа последната кружна трка, а беше посветена на Александар Кочовски

Во саботата беа одржани тренинзи и квалификации, а во неделата на програмата беше загревањето и трката за четирите дивизии во кои настапија 60-тина возачи во различни класи.

Во Дивизија 1 која беше составена од две класи Е1-2000 и Е1+2000 победата ја однесе гостинот од Бугарија Венцислав Ридарски, пред Дејан Чоловиќ и Димитриј Кимовски. Четврти заврши Марко Мишевски, пред Бојан Пешов, Даниел Блажевски и Деан Георгиевски, додека трката не ја завршија Горан Јакимовски, Лука Лукановски и Горан Тороман. Во класата Е1+2000 Мартин Костовски ја однесе победата, пред Даниел Симиќ, додека откажување имаше Екрем Мемиши.

Во Дивизија 2 имавме најголем број на натпреварувачи, а се состоеше од две класи и тоа Е1-1600 и N-1400. Во класата Е1-1600 победата ја однесе гостинот од Србија Дејан Илиќ, додека на втората и третата позиција завршија Деан Стојанов и Боривоје Гајиќ. Четврти заврши Филип Џуклески, пред Орхан Амет, Златко Трајановски, Драган Лукиќ, Перо Георгиевски, Горан Јовановски, а топ 10-те ги комплетираше Александар Стефковски. Трката не ја завршија Филип Василевски, Христаки Давитковски и Антонио Момировски. Во класата N-1400 настапија само двајца натпреварувачи, Михаил Делев и Коста Николовски, а после откажувањето на Николовски, Делев ја однесе победата.

Во Дивизија 3, во најинтересната класа Југо, гледавме сериозна борба помеѓу Ристо Вуков и гостинот од Србија Петар Милорадовиќ. Милорадовиќ уште на стартот успеа да дојде до првата позиција, но Вуков во последните неколку кругови успеа да ја врати лидерската позиција и да дојде до победа. Трет заврши Ненад Мијаљевиќ, пред Милорад Симуновиќ, Предраг Ламбаша, Филип Стојковски, Георгиј Наков, Бојан Георгиевски и Ивица Стојковски. Трката не ја завршија Никола Лазаревиќ, Мирко Јаковљевиќ, Александар Стојанов и Синиша Станков.

Во Дивизија 4 (Twingo Cup), Мартин Делев дојде до победа, додека на втората позиција пристигна Слободан Трајковски. Трет заврши Емил Нацка пред Давид Малинковски Ангелчо Стојковски, Ненад Костовски и Иван Стефановски.

Check Also

BTCC: Hyundai влегува во Британскиот туринг шампионат со i30 Fastback N

Тимот на Excelr8 Motorsport ќе донесе нов бренд и два автомобили Hyundai i30 Fastback N …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *