Monday , August 19 2019
Home / Latest Articles / Со Поди како прва трка, започна Црногорскиот ридски шампионат (Резултати тренинг)

Со Поди како прва трка, започна Црногорскиот ридски шампионат (Резултати тренинг)

Овој викенд на патеката Поди крај Херцег Нови започна првиот тркачки викенд од Црногорскиот шампионат на ридски патеки

Денес се возеа два тренинзи на кои Дражен Радуловиќ постави најбрзо време на патеката позади волан на Mitsubishi Lancer EVO 9, додека второ време извози Марко Тујковиќ во Honda Civic Type-R.

Со трето време помина Василије Јакшиќ (Honda), додека позади него четврто најбрзо време имаше Филип Петковиќ (Honda) пред Жељко Баничевиќ. Оваа година ќе гледаме многу лута и блиска борба помеѓу Тујковиќ, Јакшиќ и Асановиќ во класата N-2000, а тоа се гледа и после извозените два тренинга денес, иако Асановиќ не го заврши вториот тренинг, во првиот тренинг имаше време од 2:09.780.

Еден од најбрзите возачи на патеката кој се бори и за победа во генерален пласман, Немања Кашчелан, имаше механички проблеми со неговата Хонда, но се надеваме дека во текот на утрешниот ден нема да се најде повторно во проблеми.

Погледнете ги резултатите na овој линк http://timingonline.me/desktop.php

Check Also

WRC Финска: Танак во водство, неговите тимски колеги во проблеми

Возачот на Toyota От Танак ја зголеми предноста на Рели Финска, но неговите колеги наидоа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *