Wednesday , June 3 2020
Home / Latest Articles / Со што би се занимавале професионални тркачи после возачката кариера?

Со што би се занимавале професионални тркачи после возачката кариера?

Во следниот прилог ви пренесуваме со што би се занимавале професионалните тркачки возачи од Светскиот туринг куп, откако ќе завршат со својата тркачка кариера. 

Микел Аскона:
„Најпрво сакам да станам Светски шампион, а потоа уште поголема желба ми е да имам свој тркачки тим (Mikel Azcona Motorsport) со мои возачи кои ќе ги развивам.“

Ники Катсбург:
„Би сакал да патувам. Многу. Можеби би продолжил во моторспортот на некој начин, но сеуште не сум сигурен.“

Кевин Чекон:
„Живеам двоен живот, преку викенд тркачки возач, а кога ќе си дојдам дома работам на фамилијарниот бизнис. Работиме столарија, челик, пескарење и фарбање.“

Нестор Гилорами:
„Мојата прва амбиција би била делење на животот со моето семејство. Како спортист би сакал да продолжам со моторспортот, можеби како тимски менаџер или советник на возачи.“

Естебан Гериери:
„Расположен сум комуникациски. Некоја работа со комуникации би ми била добра, сакам да му дадам на спортот исто како што спортот ми даде мене.“

Нилс Лангевелд:
„Имам огромно искуство како возач кое можам да го искористам на позиција директор на трка. Тоа би бил огромен предизвик за мене и би сакал тоа да го пробам.“

Даниел Хеглоф:
„Кога започнав со мојата професионална кариера, имав идеја да основам свој тим, а тоа и го направив. Двете работи ги правам паралелно, па затоа имам добра излезна стратегија.“

Норберт Михелис:
„Уживам во тоа што сум во моторспортот толку многу што веројатно ако не возам, би барал да работам на обучување на возачи, управување со возачи или да дојдам до тимски шеф во М1RА.“

Тиаго Монтеиро:
„Секако дека ќе бидам на некој начин поврзан со моторспортот. Моментало менаџирам возачи и имам компанија за развивање и менаџирање на млади возачи која расте и се развива од година во година.“

Енди Приол:
„Алтернативната опција која ќе го замени тркањето е толку лоша што не би сакал ниту да размислувам на таа тема. Сепак, многу работи се случуваат во моето семејство. Можеби мојот син ќе тргне по моите стапки, а му оди доста добро. Најмалку што може да се случи е да го пратам секаде и да уживам во неговите успеси без никаков притисок.“

Габриеле Тарквини:
„Кога имав 35 години, бев Ф1 коментатор за Италијанска телевизија, но станав престар за да бидам на телевизија. Би сакал да водам тим неколку сезони само да видам какво е чувството.“

Атила Таши:
„Сакам тркањето да ми биде работа многу години, како Габриеле Тарквини.“

Жан-Карл Верне:
„Ја работам работата што ја сакам, а знаев дека ќе станам тркач кога имав четири години. Да бидам искрен, мислам дека нема да бидам како Тарквини и да возам толку долго. Се надевам дека еден ден ќе основам семејство, а потоа ќе морам да се грижам за децата, што значи дека патувањата ќе мораат да престанат.“

Check Also

Vuković Motorsport го претстави унапредениот Renault Mégane RS EVO TCR

Vuković Motorsport го претстави унапредениот Renault Mégane RS TCR, наречен EVO. Во споредба со претходната …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *