Saturday , December 16 2017
Home / Latest Articles / Спиров: „Во Романија одиме целосно подготвени“

Спиров: „Во Романија одиме целосно подготвени“

Овој викенд на патеката Мотопрарк во Романија ќе се одржи втората трка од БМУ Европскиот шампионат во моторциклизам каде ќе настапи Игор Спиров во најсилната класа Ф1000 со неговиот моторцикл Aprilia

Тој имаше доста интересен викенд на првата трка од шампионатот која се одржа на патеката Серес во Грција, со тоа што можеше да види дали воопшто може да се носи со конкуренцијата. Спиров до пред крајот на трката беше на третата позиција, но не успеа да ја задржи бидејќи возеше на полуслик гуми. Сепак разговарајќи со него видовме дека ја има самодовербата и дека понатаму ќе атакува и на повисоки позиции во најсилната и најбројна класа. За овој викенд тој и неговиот тим се подготвени со вистинските гуми, но сепак се очекуваат ниски температури од 12 до 15 степени, но и можност за дожд:

„Прв пат ќе ја возам оваа патека. Минатата година кога се возеше трката на оваа патека бев отсутен поради тоа што го продадов моторциклот, па затоа оваа година одам со целосно непознавање на истата. Затоа ќе мораме да бидеме доста подготвени за тренинзите кои ќе бидат многу важни за подесување на моторциклот, а исто така и јас морам да бидам доста претпазлив во текот на запознавањето со патеката. Сепак останува да јас и мојот тим да дадеме се од себе и да се вратиме барем со позитивно искуство.“ – изјави Спиров.

Во оваа класа на трката овој викенд се очекуваат 20 -30 возачи, а акцијата за нив започнува во петок со тренинзите, додека квалификациите и првата трка се во сабота, а втората трка на програмата е во недела.

Но со какво искуство се врати Игор од Серес? Имавме прилика да поразговараме малку со него:

„Оваа година настапувам со нов моторцикл во нова класа. Имав проблеми со раката па затоа не можев да направам предсезонски тестирања и да се запознаам со моторциклот. Но од првата трка од шампионатот доаѓам со огромно задоволство. Полека се запознаваме со моторциклот и ни оди баш добро. Уште на петочните тренинзи на Серес покажам дека можам да бидам брз и влегов во првите тројва од 20 возачи. Оваа трка ми беше најзначајна бидејќи во класата Ф1000 првите пет возачи бевме во половина секунда на квалификациите, по што се гледаше дека ќе биде интересна трка. И во првата и во втората трка во Серес имав трета стартна позиција, со мало заостанување од првиот. Но на крајот ситгнав на четвртата позиција, додека во втората трка завршив на петтата поради моја грешка на кочење, при што двајца возачи кои ме чекаа на грешка веднаш ме пројдоа. За разлика од останатите конкуренти, јас возев на полуслик гуми, па затоа имав големи потешкотии да се држам со конкуренцијата. За во иднина не можам да предвидувам. Сезоната е долга и има уште 12 трки и се надевам дека ќе можеме да се бориме за подиум на секоја трка.“ – изјави Спиров пред неговото заминување утре.

БрзКруг му посакува нему и на неговиот тим безбедно патување и возбудлив тркачки викенд!


Фото: motori.com.mk

Check Also

Skoda го слави успехот во WRC2 со Fabia Special Edition

Единствено, штета е што ова не е RS модел… Иако во сообраќајот на патиштата Skoda …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *