Thursday , May 23 2019
Home / Latest Articles / Спиров: Дождот ни ги поремети плановите на денешната трка

Спиров: Дождот ни ги поремети плановите на денешната трка

Шест Македонци овој викенд на Серес

Овој викенд на патеката Серес во Грција се одржуваат третата и четвртата рунда од БМУ Европскиот шампионат во мотоциклизам на која настапуваат шест Македонски натпреварувачи: Слободан Ивчески, Игор Спиров, Синиша Кочоски (F1000) Филип Филиповски, Перо Димитров (F600) и Иво Таневски (F110).

После најбрзото време во третиот слободен тренинг и четвртата позиција на квалификациите, на денешната прва трка од викендот очекувавме висок пласман за Игор Спиров, но како што изјави, дождот кој го зафати регионот на стартот од трката во класата F1000 му ги поремети плановите за сува трка и сериозна борба, завршувајќи на 11-тата позиција.

„На самиот старт на трката заврна, само за нашата трка… ништо друго не им преостана на организаторите да најават дождовна трка, после што моравме да промениме гуми за влажна подлога. Моите гуми не беа во најдобра состојба, па затоа не се чувствував добро во текот на трката дождот прекина, а патеката се исуши, при што одлучив да не форсирам и да направам грешка која ќе ме чини многу. Одлучив да се зачувам себеси и моторциклот за утрешната трка на која ќе стартувам од десеттата позиција. Ќе биде тоа тешка трка, но одиме напред со цело срце.“ – изјави Спиров.

Во класата Ф1000 настапи и Синиша Кочоски кој после 18-тата стартна позиција на целта пристигна на високата осма позиција во конкуренција од 23 возачи.

Во класата F600 настапија Перо Димитров и Филип Филиповски после слободните тренинзи и кавлификациите не успеаа да стартуваат на трката. Во класата F110 настапи Иво Таневски кој стартувајќи од 10-тата позиција успеа да заврши осми во конкуренција од 20 натпреварувачи, додека во класата SBK настапи Слободан Ивчески кој заврши на десеттата позиција.

Фото: motori.com.mk

Check Also

Возбудлив старт на сезоната во Кичево (Извештај)

Со првата трка одржана на патеката во Кичево, започна шампионатот на Македонија во автомобилизам Како …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *