Sunday , January 26 2020
Home / Latest Articles / Стефановски го продава SEAT-от; што е следно?

Стефановски го продава SEAT-от; што е следно?

Пред некој ден на продажба излезе автомобилот со кој македонскиот возач Игор Стефановски настапи на Европскиот туринг куп во 2017, која воедно беше и последна година на постоење на овој куп

Со овој автомобил SEAT Leon TCR Стефановски имаше две победи и неколку подиуми, а беше купен на почетокот од 2017 година за предстојната сезона. Дефинитивно изгледа дека Стефановски ќе ги стави рацете на нов автомобил за следната сезона, но сеуште нема никакви официјални информации каков автомобил ќе следи.

Исто така не е потврдено каде ќе настапи Стефановски оваа година, но познавајќи го, тоа ќе биде познато во последен момент, но се надеваме и на побрзо. Дали и тој ќе им се приклучи на македонскиот возач Виктор Давидовски и на србинот Никола Миљковиќ во Европската ТCR Серија?

https://racecarsdirect.com/Advert/Details/90689/seat-leon-tcr-v3-sequential

Check Also

WRC Монте Карло: Катастрофалното излетување на актуелниот шампион От Танак (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во Светскиот рели шампионат От Танак не ја започна сезона како што очекуваше. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *