Wednesday , October 17 2018
Home / Latest Articles / Стефановски најбрз на двата слободни тренинзи на финалето на TCR Италија!

Стефановски најбрз на двата слободни тренинзи на финалето на TCR Италија!

Овој викенд на патеката Монца во Италија се одржува финалето на националното TCR првенство на Италија, каде Македонскиот пилот Игор Стефановски се одлучи да земе учество со другиот TCR автомобил кој го поседува неговиот тим – Cupra TCR.

Тој успеа да дојде до најбрзо време на двата слободни тренинзи кои се возеа денес и покажа дека ја има брзината која му е потребна за добри резултати во TCR категоријата. Што се случува со автомобилот Hyundai i30N TCR со кој се натпреварува во TCR Европа после страотниот удар на првиот тркачки викенд на Пол Рикар, сеуште не се знае, но она што се знае е дека Стефановски ја има брзината која е потребна за добри резултати, гледајќи ги овие времиња поставени во сериозната конкуренција во TCR Италија која брои 21 возач на финалето овој викенд.

Тој успеа да направи време од 2:00.219 со кое беше најбрз во првиот тренинг, а се најде пред претендентот за титулата Салваторе Тавано (Cupra) за 4 стотинки. На третата позиција во првиот тренинг беше Луиџи Ферара (Alfa Romeo Giulietta). Четврт беше Јирген Шмарл, пред Едоардо Капело, Марко Пелегрини, Андреа Ларини, Матео Греко, Франческо Савоја, додека топ 10те ги комплетираше Андреа Аргенти.

На вториот тренинг Стефановски повторно беше најбрз, овој пат со уште подобро време од првиот тренинг. Тој извози најбрз круг од 1:59.135 што е за половина секунда побрзо од она во првиот тренинг.

И повторно во прашање беа стотинки во борбата со претендентот за титулата Салваторе Тавано кој се најде на втората позиција со време од 1:59.583, пред Ерик Скалвини со време од 1:54.742, кој во првиот тренинг успеа да извози за само 12-тата позиција. Останатите резултати од првите 10 возачи погледнете ги подолу.

Утре на програмата се квалификациите од 10:45 и првата трка која стартува во 17:00 часот, додека втората трка е на програмата во недела од 16:45 часот. Двете трки ќе бидат пренесувани во живо на фан страната на TCR Italy на фејсбук.

Check Also

Филип Василевски после Скопски Круг: Победата e послатка со проблеми!

Македонскиот возач Филип Василевски кој е познат по неговата пожртвуваност, успеа да дојде до тешка …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *