Wednesday , October 17 2018
Home / Latest Articles / Стефановски после Монца: „Бев агресивен и не тактизирав, само сакав што повисока позиција“

Стефановски после Монца: „Бев агресивен и не тактизирав, само сакав што повисока позиција“

Како што веќе ве известивме овој викенд на патеката Монца се одржа првата рунда од Европскиот туринг куп каде што оваа сезона со свој одбран тим настапи нашиот натпреварувач Игор Стефановски

Тој како и сите членови од тимот имаа доста напорен викенд, но се тоа се исплатеше. Со оглед на тоа дека Стефановски немаше никакви предсезонски тренинзи и тоа дека првите километри на новиот автомобил беа извозени токму на првите неофицијални тренинзи на Монца, тој е задоволен со 4-тата и 5-тата освоена позиција во првата и во втората трка.
После трката поразговаравме со Стефановски околу импресиите од првата рунда од шампионатот:

„Прв пат на оваа патека, прв пат со новиот тим, прв пат со новиот автомобил. Со оглед на тоа како поминаа квалификациите задоволен сум со постигнатото, сега веќе знаеме што треба да се работи на возилото. Мојот тим се вклопува полека, исто така и јас полека но сигурно се привикнувам на автомобилот. Напредувавме од седмата на четвртата позиција исто така и во втората трка, но и покрај контактите и излетувањето што ги имав во втората трка, се излезе како што треба. Сезоната е долга и треба да собираме што повеќе поени за во генералниот пласман кај возачите. Да, бев агресивен нормално е тоа, сакав да дојдам повеќе позиции напред, имав повеќе контакти за жал со Бугарскиот натпреварувач Пламен Кралев, кој доста ме кочеше во текот на трката во доста кривини. Напредував неколку позиции напред, а да пројдете неколку возачи кои се доста искусни и неколку години се во овој шампионат, е прилично тешка задача. Во иднина се надевам дека ќе се бориме за повисоки позиции. Следна трка е втората рунда на патеката Хунгароринг каде имам искуство бидејќи возев минатата година на една трка од ЦЕЗ шампионатот која доста добро ми дојде како тренинг, па затоа се надевам дека ќе бидеме поуспешни таму. Ја поздравувам целата публика и фановите бидејќи тоа е тоа што ме води напред!“ – изјави Стефановски за БрзКруг.

Како лидер на тимот поразговаравме и со менаџерот на тимот Мирослав Растовиќ. Тој исто така е задоволен, но знае дека може и подобро:

„Можам да кажам дека го спасивме викендот. На квалификациите имавме проблеми со пумпата за гориво, на тренинзите немавме доволно време да го подготвиме автомобилот како што сакавме, имавме малку време бидејќи предоцна го склопивме тимот. Безмалку го запознав тимот на Монца и тешко беше да се одреди кој што работи, но на крајот излезе дека сите се способни и доста сериозни. Тимот е феноменален и никој не направи никаква грешка што е доста важно во критични моменти. Единствено беше проблем што не можевме да го погодиме вистинското подесување на автомобилот за квалификациите, но во принцип не беше точно подесувањето колку што ни правеше проблеми пумпата за гориво. Но на трката се виде дека имаме брзина со тоа што направивме подобро време отколку на квалификациите што е доста добро со оглед на тоа дека возиме со повеќе дополнителни килограми. Јас искрено не сум баш задоволен бидејќи видов колкку многу тимот и Иџе можат, но грешката беше во автомобилот што не чинеше многу на квалификациите. Да бевме напред на квалификациите ќе бевме понапред и на трката, но тоа е што е. Реално како што реков го спасивме викендот, завршени двете трки, 4-та и 5-та позиција што значи дека имаме поени од двете трки од викендот. Продолжуваме понатаму и одиме крајно сериозно за следната трка на Хунгароринг.“ – изјави тимскиот менаџер Мирослав Растовиќ.

Check Also

WTCR Вухан: Верне победник од старт до цел во првата трка

Францускиот возач Жан-Карл Верне успеа да извојува сигурна победа од старт до цел, откако ја …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *