Sunday , September 20 2020
Home / Latest Articles / Студии покажуваат дека кабриолетите се побезбедни од автомобилите со тврд покрив

Студии покажуваат дека кабриолетите се побезбедни од автомобилите со тврд покрив

Што би одбрале вие?

Пролетта, летото и раната есен е перфектен период за да уживате со ветар во коси додека се возите во кабриолет. Ако се загрижувате дека немате покрив над вашата глава во случај на незгода, тогаш ставете ги на страна тие грижи.

Новообјавеното истражување од Осигурителниот Институт за Безбедност на Автопати во САД покажува дека кабриолетите се исто толку безбедни, малку дури и побезбедни од купе изведбите во судири.

Според настанатата смрт на возачите на бројка од 10 милиони поминати милји, стапката на смртност беше за 11% пониска кај кабриолетите во споредба со купе автомобилите, а исто така и бројот на вмешаност во пријавени незгоди беше 6% понизок на 10 милиони поминати милји кај кабриолетите во однос на автомобилите со тврд покрив.

Кога истражувачите отидоа малку подетално, дојдоа до бројка која покажува дека стапката на повреди за кабриолети со мек покрив била 10% пониска од тврдиот покрив, додека пак кабриолетите со мек покрив имале 3% пониска стапка на повреди од автомобил со фиксен покрив.

Како што може да очекувате од недостаток на покрив, постои поголем ризик да бидете исфрлени од кабриолет. Студијата откри дека 21% од возачите на кабриолетите убиени во несреќа биле исфрлени, наспроти 17% од оние со трвд покрив. Во инциденти со превртување, шансите за излетување од кабината биле 43% за кабриолетите и 35% за купе автомобилите.

IIHS шпекулира дека пониската стапка на несреќа и смртност за кабриолет наспроти возила со тврд покрив може да се сведе на неколку фактори. Кабриолетите се потешки од автомобил со фиксен покрив, а истражувањата покажуваат дека моделот кој тежи повеќе е побезбеден.

Плус, луѓето возат кабриолет поинаку, бидејќи тоа е генерално повеќе од задоволство, отколку едноставно да се возат наоколу обавувајќи домашни задачи. Овие луѓе можеби ќе обрнат поголемо внимание на она што се случува околу нив и ќе бидат подобро подготвени за да избегнат несреќа.

Истражувањето на IIHS конкретно се однесуваше на несреќи од 2014 до 2018 година. За безбедносната споредба, студијата разгледуваше само модели кои се достапни и во кабриолет и во тврда верзија, а возилата не беа постари од пет години.

Check Also

MotoGP: Подиум за паметење – Мир никогаш нема да го заборави проаѓањето на Роси на Мизано

Возачот на Suzuki Жоан Мир изјави дека никогаш нема да го заборави освоениот подиум овој …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *