Monday , August 19 2019
Home / Latest Articles / Сузуки го воскреснува Др Биг?

Сузуки го воскреснува Др Биг?

Многу мал дел од младината се сеќава на легендарниот ендуро моторцикл Suzuki DR 800 S Big, но постарата публика не само што се сеќава туку порасна со него…

Овој моторцикл беше опремен со агрегат од 727 кубни сантиметри со еден цилиндар, кој од себе вадеше 52КС. Бидејќи не беше доволно, од Сузуки ја зголемија зафатнинатана 779 во 1990 година. Располагаше со 54КС, но замислете, 800 кубни сантиметри со еден цилиндар… еднакво на лудило.

Доктор Биг ги разубавуваше салоните на Сузуки, но и дигаше огромна прашина низ рели брзинците околу 10 години пред да биде повлечен од производство во 1999 година. Иако го нема веќе 20 години, тој остави печат во стилот на конструирање и дизајнирање на ендуро моторцикли.

Таен извор од Сузуки изјави дека компанијата се одлучила да го извади Доктор Биг од пензија. Засега ова се само неосновани шпекулации, но каде дими има и оган, се сложувате?

Check Also

WRC Финска: Танак во водство, неговите тимски колеги во проблеми

Возачот на Toyota От Танак ја зголеми предноста на Рели Финска, но неговите колеги наидоа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *