Wednesday , July 18 2018
Home / Latest Articles / Тарани-Давидовски-Миљевиќ утре ја започнуваат 12 часовната трка на Спа-Франкоршамп

Тарани-Давидовски-Миљевиќ утре ја започнуваат 12 часовната трка на Спа-Франкоршамп

Денес на патеката Спа-Франкоршамп на променливо време се одржаа квалификациите за утрешниот старт на 12 часовната трка која ќе започне утре во 14:45, а се вози 3 часа, додека трката продолжува во недела од 9:00 часот за дополнителните 9 часа возење

На денешните квалификации Давидовски заедно со Тарини и Миљевиќ немаа баш среќа поради техничките проблеми кои ги имаше тимот, па затоа Давидовски не успеа да склопи ниту еден круг, додека Тарини успеа само да ги налегне сопирачките после што не успеа да нападне натпреварувачки круг. 40 минути траеа тренинзите, а 20 минути квалификациите. Македонско-Босанско-Херцеговачко-Индиска тројка која вози за Британскиот Zest Racecar Engineering тим ќе стартува од претпоследната позиција од летечки старт.

Крајно променливото време кое е нормално за оваа патека, ќе ги помрси конците и плановите на сите возачи и тимови, бидејќи патеката може да се исуши и за половина час да буквално истури дожд. Брзкруг ќе ве известува во текот на целиот викенд од местото на настанот, со старт во 14:45 часот.


Check Also

WTCR Словакиаринг: Доминацијата на Hyundai на квалификациите, се претвори во доминација на VW групацијата на првата трка

На доста топло време денес, на патеката Словакиаринг крај Братислава се одржа првата трка од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *