Thursday , January 23 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / Тимот на Михелис – M1RA, со два Hyundai i30 N TCR во 2018

Тимот на Михелис – M1RA, со два Hyundai i30 N TCR во 2018

После овој потег јасно се гледа дека Михелис не е веќе во добри односи со Honda…

Како прво не зачуди најавата дека Норберт Михелис ќе вози Hyundai во 2018 сезона, после неговата долга соработка со Honda и JAS Motorsport, а сега веќе е јасно дека тој не е веќе во добри односи после оваа најава.

Како најнова најава во TCR светот е тоа дека приватниот тим на Норберт Михелис кој претходната деби комплетна сезона ја освои тимската титула позади воланите на Honda Civic во Интернационалната TCR серија, го менува брендот оваа година и ќе вози два Hyundai i30N TCR автомобили во тимот.

„Секогаш е добро да се види како напорната работа се исплати. Го посетив штабот на Hyundai во Германија неколку пати и секогаш бев импресиониран колку професионални и посветени се момците. Верувам дека комбинацијата од i30 N TCR и M1RA формира силен пакет.

За да го ослободиме целиот потенцијал на нашиот тим, ни треба блиска релација со посветен производител кој ќе ни даде голема поддршка, па затоа со нетрпение го очекуваме почетокот на нашата соработка.“ – изјави директорот на тимот Давид Бари.

Check Also

Дакар 2020 – 10 Етапа: Петерхансел: Не знам како се случи, но се загубивме!

Дури и самиот тој не може да поверува… Стефан Петерхансел е вистинска икона на Дакар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *