Saturday , October 31 2020
Home / Latest Articles / Трајковски Слободан најбрз на денешните тренинзи во Котор

Трајковски Слободан најбрз на денешните тренинзи во Котор

Денес на ридската патека Котор-Тројица се одржаа двата тренинга во очи на утрешните две трки кои следат на програмата, а ние како медиум после пауза од две години, присуствувавме на оваа легендарна трка во прекрасниот Котор.

Единствениот македонски претставник беше Слободан Трајковски – „Бате“, кој заедно со неговиот брат, прославениот македонски автомобилист Крсте Трајковски, специјално подготвија автомобил Yugo 1300 Група А.

Во разговорот со Слободан откривме дека автомобилот требало да биде за во колекција, но сепак тие се одлучија да извозат по некоја трка.

После трката во Бугарија каде Слободан имаше проблем со менувачот, денес на двата тренинзи помина без дефект, проаѓајќи ја патеката со време од 2:53.75 во првото возење, додека во второто возење тој се подобри за помалку од три секунди, постигнувајќи време од 2:50.98.

Тоа беше најбрзо време во класата до 1400 кубни сантиметри Група А.

„Планот не ни беше да го возиме автомобилот, но сепак желбата беше посилна. Поради тоа прво возевме во Бугарија, каде имавме проблеми со менувачот. И покрај тоа решивме да го средиме проблемот и да се појавиме на оваа легендарна трка и да го тестираме автомобилот.“

После денешните два тренинга, следи уштрешниот ден за трка во која двете времиња се собираат за конечен пласман, а стартот на првата трка е закажан во 11:00 часот. После завршувањето на тренинзите и самите бевме сведоци на фасцинираните гледачи кои не престануваа со прашања околу автомобилот.

Check Also

WTCR: После доминацијата на Хунгароринг, Хонда ќе добие најголема тежина на Арагон

Münnich Motorsport, ќе мора да додаде максимум тежина на своите автомобили за Арагон овој викенд …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *