Wednesday , October 17 2018
Home / Latest Articles / Тркачката сезона започна, Македонски возачи во Косово и во Србија

Тркачката сезона започна, Македонски возачи во Косово и во Србија

После долгата зимска пауза време е за почеток на тркачката сезона. Но не кај нас за жал…

Седум натпреварувачи ќе ги покажат своите знаења надвор од нашата земја и тоа на кружната трка Берановац крај Краљево и на ридската трка Превала во Косово. Во Краљево учество ќе земат Виктор Давидовски, Ристо Вуков и Димитриј Кимовски. Како што разбравме, Давидовски ќе вози само на неколку одбрани трки, Кимовски стартува на слепо со штотуку подготвен автомобил, додека Ристо Вуков ни изјави дека оваа година одат крајно подготвени на што повеќе подиуми.

„Подготвивме два автомобили (еден резервен), по што се гледа дека сме далеку повеќе подготвени од минатата година. Оваа година атакуваме на првите три позиции, но добро би дошла и титула. Америт останува со мене како генерален спонзор кој ќе ме прати цела сезона на сите трки од Српскиот шампионат на кружни патеки. Оваа година остануваме во класата Југо Хибрид, додека за следната година имаме изненадување. Ве покануваме на тркачка дружба во Краљево!“ – изјави Вуков.

За разлика од Вуков, Кимовски не оди баш подготвен, но оди со огромна надеж:

„Се склопивме во последен момент. Знам дека не е тоа правилно, но тоа се приликите. Ќе одиме порано за да можеме да го пробаме автомобилот, но очекувам да се склопат коцките. Можеби одам со глава во ѕид, но не се откажувам.“ – краток, но јасен беше Кимовски.

Другите четворица натпреварувачи кои ќе се натпреваруваат на ридскта трка Превала во Косово се Југослав Милошевски со Opel Corsa, Коста Николовски со автомобил Yugo кој беше подготвуван изминатата зима, Никола Попевски (Yugo) и за прв пат на тркачка патека ќе се појави дебитантот Бојан Тодороски со автомобил Opel Astra.

„Работевме цела зима на автомобилот. Сакав да возам во Краљево, но сепак сеуште не сум го тестирал автомобилот, а патеката Берановац е доста опасна за автомобил кој не е возен претходно. Одам чисто да се запознаам со автомобилот и да видиме што се треба да се доработува.“ – изјави Николовски.

Очекувајте информации во наредните неколку денови…

Check Also

WTCR Вухан: Верне победник од старт до цел во првата трка

Францускиот возач Жан-Карл Верне успеа да извојува сигурна победа од старт до цел, откако ја …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *