Thursday , November 21 2019
Home / Latest Articles / ТЦР Европа: Давидовски за момент до извонредна стартна позиција, но со опасна ситуација на тренинзите

ТЦР Европа: Давидовски за момент до извонредна стартна позиција, но со опасна ситуација на тренинзите

Како што веќе знаете, патеката Монца е домаќин на финалето на ТЦР Европа…

За оние кои не се упатени, овој викенд на патеката Монца во Италија се одржува последната рунда од Европската ТЦР Серија каде се решава титулата кај возачите и тимовите, со тоа што Џош Фајлс има најголема шанса оваа сезона.

Сепак тој успеа само до седмата стартна позиција, додека неговиот ривал за титулата Жулиен Брише (Peugeot) дојде до прва пол позиција оваа сезона со неверојатно време од 1:56.547.

Исто така границата од 1:56 ја проби и неговиот тимски колега Орелиен Комт, кој се најде веднаш зад него со време од 1:56.732. Двајцата тимски колеги соработуваа меѓу себе, правејќи си заветрина за што побрз круг на брзата Монца.

Иако Hyundai автомобилите доминираа на слободните тренинзи, Францускиот бренд успеа да ги обезбеди првите две места од првиот стартен ред на гридот.

Македонскиот натпреварувач Виктор Давидовски имаше 14-то време на првиот слободен тренинг, додека во вториот имаше опасна ситуација во која му откажаа сопирачките при брзина од преку 200км/ч. Единствено добро во овој момент беше што тоа се случи на шиканата пред последниот свиок на патеката…

„Опасно чувство. Пристигнав на кочење во шеста брзина, а одеднаш останав без сопирачки. Успеав да го смирам автомобилот, а добро е што беше во овој дел од патеката, инаку викендот ќе завршеше прерано.“ – објасни Давидовски за инцидентот.

Изутринава следеа квалификациите, на кои малку фалеше Македонскиот претставник да дојде за прв пат до вториот дел.

„По датата од компјутерот, возев 1:57 во најбрз круг што значи дека со сигурност влегував во првите 12 возачи. Но Унгарскиот возач Тамаш Тенке излета пред мене и фрли камчиња на патеката, при што во тој момент се спасував од ситуацијата. Имав доста брз круг, но среќата не ме послужи. Стартувам од 19-тата позиција, но во овој хаос од 33 автомобили, само среќа може да послужи во првиот свиок после стартот. Се надевам на добар резултат, а како и секогаш ќе дадам се од себе за што повисок пласман.“ – заврши Давидовски.

Стартот на првата трка е во 16:50 часот, а можете да ја гледате трката на јутјуб каналот на TCR TV.

Q2

Q1

Check Also

BTCC: Hyundai влегува во Британскиот туринг шампионат со i30 Fastback N

Тимот на Excelr8 Motorsport ќе донесе нов бренд и два автомобили Hyundai i30 Fastback N …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *