Thursday , November 21 2019
Home / Latest Articles / ТЦР Европа: Изненадувачки, трка без безбедносен автомобил, Брише со победа, Давидовски до нови поени

ТЦР Европа: Изненадувачки, трка без безбедносен автомобил, Брише со победа, Давидовски до нови поени

Француското дуо со 1-2 на Монца

Францускиот возач Жулиен Брише, после освоените поени на квалификациите, засега има максимум освоени победи откако дојде до многу важна победа на првата трка на Монца, откако од старт до цел не дозволи никој да му се приближи.

Исто така, за победата се потруди и Орелиен Комт, кој и јавно изјави дека ако дојде момент ќе го пропушти неговиот тимски колега да дојде до победа, бидејќи и двајцата возат за Францускиот производител Peugeot. Оваа изјава се коси со официјалната информација дека во ТЦР Европа нема фабрички тим, но добро, за тоа во друга прилика.

Изненадувачки е тоа што на првата трка и покрај огромниот број на стартери (33), во првиот свиок, но и во текот на целата трка немаше инциденти за кои би излегол безбедносниот автомобил. Лично јас бев 100% убеден како и многумина од вас, затоа и не присуствував на Монца, но добро е што погрешивме.

Тоа беше една прекрасна трка каква одамна не сме виделе. Полна со борби за позиција, баш како вистински контакт спорт без тешки удари. Подиумот го комплетираше Џош Фајлс, главниот претендент за титулата оваа година, откако стартуваше од деветтата позиција, за паметно да се пробие до последното место на подиумот.

Четврти беше Урутиа, пред Хомола, Магнус, А. Бекмен, Бауман, Кларие и Пансиатичи. Нашиот Виктор Давидовски имаше доста добра прва трка. Стартуваше од 19-тата позиција пробивајќи се во еден момент на 13-тата држејќи ја неколку кругови, се додека не дојде до контакт со Џани Морбидели, кој беше казнет со проаѓање низ бокс, но бидејќи Давидовски отиде прешироко, се најде на16-тата позиција, за подоцна да успее да влезе во првите 15 возачи и да освои бод.

Утре од 11:35 ќе започне втората и последна трка ова сезона, а Фајлс ќе стартува од првиот ред од втората позиција, додека Брише ќе стартува од десеттата. Брише е познат по пробивање низ гужва, па затоа очекуваме уште една интересна трка како денешната, без излегување на безбедносен автомобил.

Check Also

BTCC: Hyundai влегува во Британскиот туринг шампионат со i30 Fastback N

Тимот на Excelr8 Motorsport ќе донесе нов бренд и два автомобили Hyundai i30 Fastback N …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *