Sunday , January 26 2020
Home / Latest Articles / ТЦР Европа: Пол позиција за Жан-Карл Верне на Спа

ТЦР Европа: Пол позиција за Жан-Карл Верне на Спа

Францускиот возач Жан-Карл Верне после најбрзите времиња на првиот и вториот слободен тренинг, повторно беше најбрз и на квалификациите освојувајќи ја пол позицијата за денешната прва трка.

Во еден момент квалификациите беа прекинати поради излетување и страотен удар на Виктор Давидовски на свиокот Раидилон, а од силниот удар беа потребни 10тина минути за одговорната служба да ја поправи оштетената заштитна ограда.

После продолжувањето на сесијата, Максим Поти водеше со најбрзо време во поголемиот дел од сесијата, но на пет минути пред крајот, Верне ја проби границата од 2:29 минути и ја освои пол позицијата, додека Атила Таши ја пропушти втората квалификациска сесија поради непочитувањето на границите на патеката.

Во вториот дел од квалификациите Верне ја заврши својата работа во само еден круг, завршувајќи пред Поти и Брише на втората и третата позиција. Четврти ќе стартува Микел Аскона пред Стиан Паулсен и Душан Борковиќ на петтата и шестата позиција, додека као седми осми и деветти се квалификуваа Џош Фајлс, Стефано Комини и Крис Рихар.

Топ 10те ги комплетираше Рис Бар, кој на втората трка утре ќе стартува од пол позицијата поради правклото на обратен грид од првите десет на квалаификациите. Првата трка е денес со почеток од 17:20 часот.

Check Also

WRC Монте Карло: Катастрофалното излетување на актуелниот шампион От Танак (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во Светскиот рели шампионат От Танак не ја започна сезона како што очекуваше. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *