Friday , October 18 2019
Home / Latest Articles / ТЦР Европа: Следна станица на Давидовски и PSS Racing Team, Барселона овој викенд

ТЦР Европа: Следна станица на Давидовски и PSS Racing Team, Барселона овој викенд

Овој викенд на патеката Каталуња крај Барселона во Шпанија на ред е претпоследната рунда од Европската ТЦР Серија

На трката ќе настапат дури 35 возачи, помеѓу кои и Македонскиот возач Виктор Давидовски на кого ова му е втора сезона во овој престижен шампионат.

Тој ќе настапи заедно со неговиот PSS Racing Team кој веќе е пристигнат во Барселона. Редакцијата на БрзКруг му посакува голем успех и многу среќа на патеката.

На патеката со должина од 4655 метри на која домашниот возач Микел Аскона го држи рекордот на квалификациите со време од 1:53.802 ќе станат појасни работите околу титулата оваа година.

Во генерален пласман моментално води Џош Фајлс со 254 поени, пред Лука Енгстлер со 176 и Жулиен Брише со 166. Со 162 поени веднаш позади Брише е Мато Хомола, додека 11 поени позади Хомола се наоѓа Сантиаго Урутиа.

Со тоа што во овој крајно возбудлив шампионат е познато дека работите можат преку ноќ да се променат, тоа значи дека иако Фајлс има голема предност, се може да се случи.

Во петок на програмата се два слободни тренинзи од 13:15 часот и 18:05, додека квалификациите и првата трка се во 11:40 и 17:45 часот. Втората трка ќе стартува во недела во 12:30 часот.

Check Also

Опасно превртување на Мирко Миловановиќ на Авала…

Овој викенд близу Белград, се одржа ридската трка Авала која е последна во шампионатот во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *